Offside

Само три дена по освојувањето на трофејот во Пекинг, Новак Ѓоковиќ е елиминиран уште на првиот меч на мастерсот во Шангај. Првпат во кариерата губи во толку рана фаза на овој турнир.

Поради коронавирусот, во НХЛ имаат проблеми со палките за хокеј, 75% се прават во Кина

Ако до вчера хокеарите во најдобрата светска лига НХЛ ноншалантно се однесуваа кон палките, ги фрлаа во публика, редовно ги кршеа и вадеа нови, овојпат ќе треба да пазат повеќе.

Малите велешани од школата „Кирил Лазаров 7“ ја покажаа љубовта за ракометот

Идеалната исхрана на младите, а посебно на оние кои се занимаваат со спорт, не смее да помине без млечни производи кои ги зацврстуваат коските и забите, даваат енергија и ги регенерираат мускулите.

Како изгледа пак да заиграш во НБА после скоро 7 години

Плејмејкерот Џереми Парго неделава ги одигра своите први мечеви за Голден Стејт Вориорс - истрча 14 минути, постигна 6 поени против ЛА Лејкерс и одигра 9 минути со 4 поени против Мајами.

Ваков слалом англиските дивизии не виделе скоро

Ај што им даде три гола на гости, ај што одигра неверојатна партија, туку слаломот кој го направи за третиот гол стварно потсеќа на најлудите продори на Лионел Меси. Дечково се вика Чарлс Вернам, игра за Гримзби, а синоќа против Колчестер на гости (2:3) правеше дар-мар.

Најјака

Обично водачот на ултрасите е некој меѓу постарите, оној со стаж и авторитет во групата. Океј, така е и во Сасуоло со таа разлика што тука имаме бабичка, ама закон бабичка.

Во натпревар пол со пресврти Лукоил подобри од ФК на глувиСлобода

Во вториот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа Лукоил, Ван Хоол и Еуро Табак, а А1 и ТАВ одиграа без победник.

Ако имаше кафе внатре со клизач ќе ти влезеше пред сите

Сите луѓе на масата, а и пошироко, се загрижиле дали келнеров ќе го помине жив и здрав остатокот од вечерта. Ние ја видовме најмеката можна реакција на Гатузо, а тоа е обид за заушка.

Пјонтек ги менува тренерите или тие бегаат од него?

Се разбира дека се мајтапиме со насловот, ама во иднина не му посакуваме вака во кариерата. Па ќе се шашардиса од толку разни тренерски замисли во кус период. Зарем има играч кој би сакал на секои два месеци да работи со нов тренер? Луда работа е ова што му се случува.

Кога ти си Нејмар, а другар ти е со две леви нозе

Ќе ја мислиш, ќе дриблаш, ќе се потиш да се избориш за простор, ќе му ја дадеш, а тој ќе се исправи пред гол како споменик и ќе ти го заебе цел труд. Не го викајте друг пат или стајте го нека дреме во одбрана. Па што?

Зошто италијанско сезонава не е за испуштање

Од каде да почнеме? Јуве повеќе не се бори сам за титула, туку гризат не една, две екипи. Интер пазари без престан звучни имиња. Милан го врати Ибра. Роналдо е машина за голови и магнет за публика. Плус Пандев уште е во форма, а Елмас е се подобар. Штета за Иле.

Фото на денот

Во Аргентина се одигра големото дерби меѓу Расинг Клуб и Индепендиенте, клубови од Авељанеда во широкиот круг на Буенос Аирес. Стадионите на двата клуба се оддалечени 100-ина метри еден од друг. Дербито го доби домаќинот со 1-0, иако од 46’ минута играше со двајца играчи помалку исклучени поради црвени картони.

Првата конференција на Клоп во Ливерпул во 2015: „За 4 години ќе имаме титула“

Ај што во моментов важи за најдобриот тренер на светот кој создаде пеколна екипа која гази сè, туку од денешна перспектива се гледа дека Јирген Клоп е и визионер кој знаел да предвиди како ќе одат работите.

Голема статуа од Роналдо на карневал во градот каде се прослави Пандев

Кога ќе се спомне Виареџо, прва асоцијација во Македонија се Горан Пандев, Аце Стојков и сјајната генерација млади фудбалери на Беласица која подоцна доби уште неколку понуди да учествува на најголемиот младински турнир во Европа.

Разгаленото дете кое го намести Азар да добие црвен картон, денес е милионер

Вечерта на 23 јануари 2013-та, пред седум години, во вториот меч од полуфиналето на англискиот Лига Куп меѓу Свонси и Челси, се случи еден инцидент за кој зборуваше цела фудбалска Европа.

Уште не се родил дриблер како него

Играше во најголемите светски клубови, а никаде никој од ривалските клубови не го гледаше попреку. Секогаш позитивен и насмеан, а на терен како брз воз. Неговите дриблинзи треба да се изучуваат на катедрите за спорт.

Не гледај во мене, топката прати ја

Ние растевме со триковите на Џејсон Кид и Џејсон Вилијамс, но сега во НБА има многу нови клинци кои меѓудругото научиле и старомодни трикови од тоа време. Погледнете на пример каков цар излезе Кајл Кузма од Лејкерски. Мислиш со Иво Данеу е генерација.

Како ја опали во агол, двајца голмани не ја фаќаат

Египет, дуел меѓу Ал Ахли и Ал Гаиш. Домаќините добиваат 3-0 а вториот гол, дело на Амр Ел Солија во 69’ минута ќе се разгледува за гол на сезоната во Африка.

Од кај сакате шутирајте ми, сè ќе ви одбранам

За херој на колото и месецот во германскиот фудбал дефинитивно треба да биде прогласен голманот Јанис Гелиос. Неговиот Кил го совлада Сент Паули со 2:1 во втората лига, резултат кој висеше на конец бидејќи во финишот беше драма и пол пред неговиот гол.

Како Родман (не) го чуваше Шекил

Мора да стои тоа “не“ бидејќи реално не можеше да го чува, а да не направи фаул. Да му дадеа право на 10 лични ќе ги потрошеше уште во прво. Нормално тактиката во вакви случаи кога имаш немоќен чувар, често беше поставена Шек да ја прими и да ја реши еден на еден. И ја решаваше.

Пред 29 години Зинедин Зидан го дал првиот гол во кариерата

На 10 февруари 1991 година, фудбалерот на Кан, 20-годишниот Зинедин Зидан го постигнал првиот гол на професионално ниво. На мечот против Нант во 26. коло од француската лига, Кан победил 2-1 а Зизу постигнал еден од головите.

Дај една банана, слабо сум јаден денес

Марсело Диаз игра за аргентинскиот прволигаш Расинг и член е на селекцијата на Чиле. Не знаеме дали ова се коси со фудбалските правила или не, ама типов мртов ладен јадеше на сред натпревар.

Редно беше да го чуеме Ибра во негов стил

Во САД кога ќе се вклучеа камери постојано беше во топ форма и новинарите едвај чекаа да се појави. Го следиме и сега во Италија, па ете го.

Ако има номинација за автогол на годината, детево ќе победи

Викендов тргна со автоголови. Во Париз на дербито ПСЖ - Лион, гостинскиот фудбалер Маршал си даде трагикомичен автогол, а ништо помалку чуден не беше ни оној на Мајк Трезор, играч на Вилјем Втори.

Автоголот на Лион е приказна за себе

Додека Барса и Реал се тркаа по нови бодови на гостувања, во Италија и Франција се играа дерби дуели. Интер го совлада Милан со 4:2 после пресврт од 0:2, а ПСЖ со ист резултат го победи Лион. Еден од головите за домаќините беше автогол на Фернандо Маршал.