Извршниот олимписки комитет донесе одлука Летните олимписки игри да се играат од 23 јули до 8-ми август 2021 година.
Логично и следствено на тоа има нов датум и за Параолимписките игри кои ќе се одржат од 24 август до 5 септември 2011-та.
Во делот на оваа најнова вест која ја пренесува БиБиСи, стои еден интересен детаљ, а тоа е дека без разлика на одложувањето за следната година, Олимпијадата нема да се вика Токио 2021, туку така како што била договорено, Токио 2020.
„Убеден сум дека работејќи заедно со Организацискиот комитет Токио 2020, владата на Митрополитот во Токио, јапонската влада и сите наши чинители, можеме да го совладаме овој невиден предизвик. Човештвото во моментов се наоѓа во мрачен тунел. Овие Олимписки игри во Токио 2020, можат да бидат светло на крајот од овој тунел“, изјави претседателот на МОК, Томас Бах.
Одлуката за одложување на двата глобални спортски настани е да се заштити здравјето на спортистите и сите инволвирани и да се поддржи стопирањето на Ковид 19.
„Кога Параолимписките игри ќе се одржат во Токио следната година, тие ќе бидат екстра посебен приказ на човештвото, обединувајќи го како едно глобално славење на човечката еластичност и сензационално изложување на спортот. Со ова одложување од 512 дена, приоритет за сите што се вклучени во параолимпиското движење мора да биде тоа да останат безбедни со своето семејство и пријателки за време на ова невидено и тешко време“, рече претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет Ендру Парсонс.
Олимписките игри следното лето ќе се одржат во нивната комплетна форма, со сите спортисти кои се квалификуваа, а купените билети ќе бидат валидни и ќе има опција за тој што сака рефундирање на парите.
За прв пат во модерната историја се одложуваат едни Олимписки игри. Претходно тоа се случило два пати поради првата светска војна 1916, а потоа и втората 1940-та и 1944-та.