Единствениот претседател на држава кој не верува во корона и игра хокеј на мраз

Светот застана буквално: милијарди луѓе седат по дома, улиците се пусти, сите настани се одложени. Само едно место на планетата не се затвори така сериозно од коронавирусот - Белорусија.

Во Белорусија животот тече нормално, а во таа смисла и спортскиот - се игра не само фудбалско првенство туку и хокеј Екстралига. А хокеј редовно игра и претседателот на Белорусија, Александр Лукашенко.

Во оваа земја досега се пријавени 94 случаи на инфицирани од COVID-19, а од нив оздравеле 32 лица. Смртни исходи уште нема регистрирано. Во моментов во Белорусија имало 62 луѓе заразени, 2 меѓу нив биле во критична состојба.

Во саботата се одиграло првото полуфинале во аматерската републичка лига по хокеј во која тимот на претседателот на Белорусија со 12:3 ја победила селекцијата на играчи од Гродненска област.

После мечот во програма на државната телевизија на Белорусија се обратил Александр Лукашенко кој дал неколку мисли за коронавирусот.

На прашањето: „Можно е да се каже дека никакви вируси не влијаат на вашата агенда. Сега гледаме потврда. Може ли да се каже дека се игра хокеј додека трае војна?, Лукашенко одговара:

„Не! Би рекол подобро да умреш стоејќи отколку на колена“.

„А нешто може ли да ве спречи вас да не излезете на мраз?“, прашува новинарката.

„Мене? Зошто? Можно е но зошто? Не сфаќам. Тука нема никакви вируси (покажува на мразот од теренот). Вие не сте слушнале дека вирусите бегаат од мраз?

„Не“, одговара кратко водителката.

„И јас тоа не го гледам, но ова е мраз, најздраво нешто, најздраво!. Подобро е што се спортува, посебно на мраз, мразот е најдобар антивирусен лек.

Јас го живеам животот како и претходно. И синоќа имаше тренинг со хокеарите, се сретнавме, се ракувавме, разговаравме, се шегувавме еден со друг итн“, констатира Лукашенко, единствениот претседател во цела Европа кој не презема драстични, сериозни мерки за спречување на коронавирусот какви што се преземаа веќе од пред неколку недели во повеќе европски земји.

ДАЛИ ЛАДНОТО НАВИСТИНА ГО ЕЛИМИНИРА ВИРУСОТ?

Верзијата дека хокејот поради мраз ги убива вирусите е интересна, но далеку е од вистината. Идеалната температура на врвот од мразот е -5 степени. Научно е докажано дека вирусите можат да издржат и далеку пониски температури (група вируси издржала и на страшни -76 Степени).

Коронавирусот исто така не се плаши од студ и мраз. И покрај тоа што на крајот од февруари излегоа гласини дека COVID-19 умира при ниски температури, Светската здравствена организација ги демантираше и негираше овие тврдења со фактот дека температурата на телото на човекот е во просек од 36,5 до 37 Степени и се околу овие температури не влијаат радикално на неа.

Белорускиот претседател Лукашенко како да не верува во опасноста од коронавирус. Во петокот тој го посетил претпријатието „Белгипс“ и таму зборувал на тема пандемија?

„Кога ќе заврши коронавирусот кој и не е вирус туку психоза, можам да ви раскажам нешто многу интересно. Многу интересно. А вие размислете за почеток на две прашања. Првото е: коронавирусот е ракотворна инфекција или случајно се појавила во вирусот? Кому му била потребна? А второто прашање е: Не одговарам на ова прашање, но дека во светот, прво од моите колеги политичари па надолу се обидуваат да ги искористат оваа вирусна болест или психоза во свои цели и интереси?

30 март 2020 - 08:02