Како вчера да беше овој лудачки, а веројатно и најјак дебитански настап некогаш виден во МЛС лигата кој се случи на денешен ден пред точно две години
Златан Ибрахимовиќ се впушти во американска авантура и им го живна фудбалот како никој претходно. Неговиот прв настап за Лос Анџелес Галакси, навивачите ќе го раскажуваат со години.
Тоа беше херојски, но и фасцинантен настап за напаѓач на 36 години на кој му беа потребни само 6 минути време за некакво прилагодување. Златан буквално експлодираше на терен.
Лос Анџелес ФЏ губеше 0:3 до 48-ма минута, Галакси се врати во игра со два гола. Навивачите го скандираа неговото име, а тоа беше дополнителен стимул за него.
Влезе во 71-ва минута и минута и се сеќавате што направи така? Го реши дерби и тоа со два гола од првите два удари за конечни 4:3. Првиот гол го даде по само 6 минути на терен, а вториот за победа во судиско продолжение.
2 - With his first two shots for @LAGalaxy, @Ibra_official has netted his first two @MLS goals. Lethal.
— OptaJack⚽️ (@OptaJack) March 31, 2018
Доволно е да се потсетиме на деби евроголот со микс на повеќе коментатори
Zlatan Ibrahimović's debut goal with @LAGalaxy was spectacular in every language. 🌎 pic.twitter.com/z1RQplYrwY
— Major League Soccer (@MLS) March 31, 2020
Златан раскажа што се случувало на 48 часа пред дебито.