„Го гледам Роналдо на плажа, а тој ужива со пепељара на стомак“

Некогашниот репрезентативец на Англија и центарфор на Тотенхем и Ливерпул, Питер Крауч се потсети на моментот кога го запознал својот најголем идол во животот.

Крауч одамна и насекаде е познат по својот фантастичен типичен британски хумор. Сега раскажа дека му бил сон макар дваесет минути да изигра со легендарниот Бразилец Роналдо во напад.

„Кој би бил мој совршен партнер во напад? Оригиналниот Роналдо. Не знам како би се вклопиле, ама кога би изиграл макар дваесет минути со него, тоа би ми го исполнило животот“, вели Крауч за Дејли мејл.

Високиот, можеби највисок фудбалер кој играл во Премиер лигата се сеќава на една анегдота како го запознал стариот Роналдо?

„Го запознав еднаш. Бев на одмор на Ибиза и кога го гледам на плажа. Беше зафатен со пиење шишиња пива и ми текнува дека имаше пепељара на стомак. А завршеше со шишето, доаѓаше девојка, врвен модел и му носеше ново“, вели Крауч и додава:

 

„Отидов да се сликам со него и очекував дека ќе ми каже 'О, па ти си Крауч', ама немаше појма кој сум јас“.

Високиот центарфор често објавува многу смешни твитови на Твитер и англиската публика го обожава. Во својата богата кариера, најмногу се истакна во Стоук каде играше цели 8 сезони од 2011 до 2019.

29 март 2020 - 09:29