Offside

Репрезентацијата дебитант на Светско првенство Зеленортски острови (земја со население од 530.000 жители) ја намачи Аргентина во 1/16 финале од Светското првенство па Меси и другарите едвај после продолженија славеа 3:2 и се пласираа во осминафинале со тешка мака.

Заработија од ЛШ колку што немаат годишен буџет за плати

Пред осум години беа во Серија Б. На Јуве, Милан и Рома им продадоа шестмина важни првотимци, ама повторно останаа силни и храбри и одиграа со страст и пот. Затоа сега го добија заслуженото и плус направија финансиски бум.

Убав деби гол во ЛШ на наш Никола во Јуве

17 годишниот Никола Секулов го дочека првиот гол во младинската Лига на шампиони каде Бјанконерите му пукнаа петарда на Баер Леверкузен. Македонецот кој за жал одлучи да заигра за Италија сам се избори за оваа соло акција.

Јуве не му ја мисли, најден е наследникот на Киелини

Роден е на 5 март 1998 година во турското градче Карамурсел. Има 21, а веќе игра како да има безброј сезони во кариерата. Антиципација одлична, снажен во воздушни дуели, уште појак на земја, долг чекор, сигурен на топка и уште подобри долги топки. Има и од кого да учи, а Јуве е среќен што го најде наследникот на Џорџоне.

Макпетрол ја продолжи победничката серија во дуелот со Водовод

Екипите на Макпетрол и Аџибадем Систина со победи го заокружија 11. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Судија, па ова исто ко судар со камион

Илиониос - Мичиген, меч од Универзитетската лига на Америка. Главен јунак Кофи Кокбурн со 19 поени, 10 скока и 1 нокаут.

Лука Дончиќ го освои и Мексико, дечкото игра сезона од соништата

Словенечкиот репрезентативец ќе остане запаметен како прв играч кој остварил трипл-дабл на НБА меч одигран надвор од границите на САД и Канада.

На никој не му е јасно зошто ја фати со раце

Играч на Стандард синоќа против Арсенал беше свесен дека нема да стигне една долга топка, па ја прибра со раце ко на рагби. Топџиите креваа раце во стил што прави човеков, а овој изгледа мислеше дека игра со другарите кај Гуц. Е добро де, да не губиме време.

Каква Лига Европа бе, се знае на кои им е најјако

Неисцрпни се видеата кои излегуваат од прославата на Аталанта која е во транс. Па кое друго мало клупче кое доаѓа од град со 120.000 жители уште во деби сезоната успеало да влезе во осминафиналето на ЛШ. Погледнете го и Гасперини како откачил. Овој пат имаме снимка од соблекувална.

Јунајтед и Волвс до покер за само 10 минути, Рома едвај куртули

Гладбах испадна од ЛЕ со гол примен во 90+1' минута од Башакшехир кој направи голем подвиг. АЗ се држеше полувреме на „Трафорд“ а во второ Јунајтед им даде 4. Пресликан дуел и во Вулверхемптон.

Арсенал даде 2 гола за 2 минути и оди во следна фаза, Лацио испадна

И покрај тоа што губеа дури со 2:0 во 69' минута и беа на прагот да испаднат од Лига Европа, фудбалерите на Арсенал во неколку секунди постигнаа 2 гола и се спасија од бламажа.

Фабрика Карпош – ГИМ беа сигурни во дуелот со ЕВН

Сава Осигурување, Рамстор и Фабрика Карпош – ГИМ славеа победи во вториот ден од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Во 3 часот пристигнуваме, жива душа нема да има на аеродром

Холандскиот фудбалер од средниот ред на Аталанта, Мартен Де Рон и неговата претпоставка за тоа дали ќе има некој на аеродром откако ќе се вратат дома со пласман во осминафинале во ЛШ.

Буфон и заушката за Куадрадо

Свири химната на Лига на шампиони, сите мирно стојат, само не се знае кој е поголемо дете, дали оние кои стојат покрај играчите или капитенот на Јувентус.

Клуб Бриж оди во Лига Европа иако во Лига на шампиони нема победа 400 дена

Со учинок од 3 нерешени, 3 порази и 12 примени гола, во конкуренција на ПСЖ, Реал Мадрид и Галатасарај, белгискиот шампион заврши трет и ќе продолжи на пролет во Лига Европа.

Роџер шибај во пензија, се роди твој наследник

Јуносуке има 6 години на кои тешко е рекет да држиш и да префрлиш преку мрежа, а тој веќе е многу напред со материјалот за годините, ептен напред. Остај друго, него му ги кине потезите целосно. Невидена имитација.

На Панчев за ова на времето му дадоа црвен против Данска

Која е поентата на ВАР ако за ова нема црвен картон, искоментира поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Овен Харгривс во улога на фудбалски аналитичар на британска тв. И во право е, за ваков намерен фаул секогаш се дава црвен.

Ѕвездата на Барселона со редок човечки гест за еден кладилничар

По одличните настапи во НБА, Никола Миротиќ се врати во Европа и стана главен играч на Барселона. Важи за голем хуманитарец, човек кој несебично помага социјално загрозени семејства, донира за изградба на домови и уште многу нешта. Последно од него е што му помогнал на еден обичен смртник, иако за тоа немал реална потреба.

Навивач го зграби Роналдо за врат, овој збесна

Со головите на Кристијано Роналдо и Гонзало Игуаин, Јувентус го совлада Баер во Леверкузен и сега ја чека ждрепката за противникот во осминафиналето. А на крајот од мечот, еден натрапник сакаше да направи селфи со Португалецот, кој обично е пристоен со тие што упаѓаат, ама овојпат со право не беше.

А голманчето на Бриж што му даде гол на Реал во 95’ минута?

Сене Ламенс е херој на колото во младинската Лига на шампиони. Неговиот клуб губеше 1-2 од Реал Мадрид У19, за Ламенс во 90+5’ минута да даде прекрасен гол со глава и да обезбеди бод. Младинците на Клуб Бриж имаат 10 бода и како втори во групата одат понатаму.

И Нејмар знаел да биде другар

ПСЖ ја затвори групната фаза со тоа што го нокаутираше турски Галатасарај со 5:0. На петтиот гол му претходеше интересен момент, многу поинаков од оној каков што имаа Кавани и Нејмар пред некое време.

Дете со што те ранат тебе?

Го пратите ли 19 годишното крило на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис? Ако не можете пуштите го на забавена снимка, бидејќи вака е тешко. Баерн има сигурен пласман во ЛШ, плус 3:1 против Тотенхем, а он му се сипа на Сон како да ќе нема утре. Каков е овој трк?

Кога Ноер ќе тргне во напад тоа е пола гол

Остај што тоа му е стил од кој не се откажува и што е ризик, туку тој кога ќе ја фати, сериoзно сака да тргне што понапред и да организира напад. Погледне синоќа што произлезе од неговата акција.

Бергамо не спиеше, градот е во транс за епското достигнување во ЛШ

Никогаш немаат освоено меѓународен трофеј, никогаш немаат освоено Скудето, никогаш претходно не играле во Лига на шампиони, а од ноќеска се во исто друштво со Реал, Баерн, Барса, Ливерпул и останатата европска елита. Бергамо е град со само 120.000 жители.

Сите фаворити згазија вечерва, за Атлетико тоа значи нокаут фаза

Шест натпревари - 18 голови на вечерашните средби од 21 часот во ЛШ. Атлетико Мадрид оствари очекувана победа за осминафинале, Баерн го доби дербито на вечерта против Мурињо, а Црвена Звезда остана без ЛЕ во 88-ма минута, откако претходно утна пенал.