„Лудек Миклошко е името што трае“, ден-денес навивачите на Вест Хем Јунајтед им пеат на ривалите од Манчестер кога играат едни против други.
На денешен ден пред точно 25 години се играше последното коло од Премиер лигата во сезоната 94/95. Лидер на табелата беше Блекбурн со само 2 бода пред вториот Манчестер Јунајтед. Блекбурн гостувал на „Енфилд Роуд“ кај растеретениот Ливерпул, а Јунајтед во исто време во Лондон кај Вест Хем.
Алан Ширер со својот 34. гол во сезоната го доведе тимот предводен од Кени Даглиш во водство за големо славје во гостинскиот сектор, но „црвените“ направија пресврт преку Џон Барнс и Џејми Реднап (фантастичен гол од слободен удар во судиско продолжение). Со оглед на тоа што на клупата на противникот беше нивната икона Даглиш, а за титулата Блекбурн се бореше со нивниот вечен ривал Манчестер Јунајтед, навивачите на Ливерпул сакале титулата да не отиде на „Трафорд“.
Во исто време на стариот „Болејн Граунд“, Пол Инс, Енди Кол, Пол Сколс, Марк Хјуз и Брајан Меклер го напаѓаа голот на Вест Хем за да победат и да ја освојат титулата на крај.
„Чеканите“ поведоа преку Мајкл Хјуз (Северно-Ирец кој долги години дома навивачите на Јунајтед му викале дека тој е кривец што не освоиле титула) во 31' минута, а Манчестер израмни преку својата 9-ка Брајан Меклеир во 52-ра.
Од 52 минута до самиот крај, „црвените ѓаволи“ создадоа безброј шанси, напаѓаа со сите сили, но Чехот Лудек „Лудо“ Миклошко бранел како да е Суден ден. Само еден гол би му ја донел титулата на сер Алекс Фергусон, но „Лудо“ не мислел така:
On this day 1995 Man United couldn't get a second goal against West Ham to hand the title to Blackburn Roverspic.twitter.com/vqK33DxAU8
— Classic Football Shirts (@classicshirts) May 14, 2020
Овој голман, претходно бранел во Чеб и Бањик Острава и во 1990-та дошол во Вест Хем за кого до 1998-ма забележал 318 настапи и важи за клупска легенда. За репрезентацијата на Чехословачка запишал 40 меча а за својата Чешка подоцна 2 настапи.
Кога на крај на Даглиш му јавуваат дека во Лондон мечот е завршен 1-1, тој им пренесува на играчите и започнува големо славје за титулата, прва за Блекбурн после цели 81 година!