Горан Пандев гори од желба да се врати во игра, исто како и многу негови колеги. Желбите му се повеќе од јасни и веќе ги кажа, а сега само ги повтори во најновото интервју за Кориере дело Спорт.
„Ми недостасуваат тренинзите со моите соиграчи. Фудбалот е нашиот живот. Се надевам дека првенството ќе продолжи, но одлуката треба да ја донесат надлежните органи кои сигурен сум дека ќе постапат правилно. Продолжувањето би било важен знак за цела Италија, која нема да гледа само вести за вирусот.
Ако не продолжи, ќе ми биде многу жал за Џенова. Во последно време покажавме дека можеме да остварите големи резултати и дека можеме да се спасиме. Никола донесе ентузијазам и самодоверба во тимот.
Пред пандемијата реков дека ќе ја спасам Џенова и после ќе одам во пензија, но сега се надевам дека наскоро ќе заврши оваа ситуација и тогаш ќе видиме што ќе се случува“.
Пандев сè уште нема донесено конечна одлука дали ќе се повлече по крајот на оваа или следната сезона, а она што го држи во неизвесност е Европското првенство кое официјално го преместија за следното лето. Уште е непознато кога Македонија ќе го одигра полуфиналето од Лига на нации против Косово.
„Во моментов размислувам да ја прекинам кариерата по крајот на оваа сезона. Мојот проштален натпревар го замислувам со преполн стадион. Сакам да ги поздравам навивачите на Џенова затоа што тука минав прекрасни 5 години и да им се заблагодарам. Дадов сè за овој дрес.
Ако распоредот во италијанско се одвиваше регулар, тогаш Пандев изминатиов викенд ќе имаше меч против Интер, а последен му е оној против Милан на 8 март кога победија 1:2, а тој даде гол по само 7 минути игра.
Капитенот на Македонија на разни начини донираше дома за борба против Ковид 19, а се вклучија и неговите колеги од репрезентацијата.