ФУДБАЛ
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Преостанатите реванш натпревари се планирани за 7-8 август, а УЕФА планира да се доиграат сите натпревари на секој 3-4 дена и финалето да се одржи на 29 август.
ЛИГА ЕВРОПА
Иста приказна. Во овој турнир пред суспензијата поради пандемијата со вирусот, од 8 натпревари од 1/8 финалето се одиграа 6 кои чекаат реванш. Одложени беа Хетафе - Интер и Рома Севиља.
УЕФА реши Лига Европа да продолжи 2-3 август со реванши на 6-ти август. Четвртфиналињата се закажани начелно за 10 и 13 август, полуфиналните средби за 17 и 20 август а финалето во Гдањск за 27 август.
ПРЕМИЕР ЛИГА
За да не изгубат стотици милиони евра од ТВ права, англиските премиерлигаши сакаат по секоја цена да ја завршат сезоната. Планот во моментов е следен: во 5 недели да се доиграат преостанатите кола (на секој клуб му останаа уште 9-10 меча).
Владата на Велика Британија донесе план според кој професионален спорт нема да има пред 1 јуни. Англиските премиерлигаши официјално на тренинг треба да се вратат од 18 мај со стриктно држење до препораките за социјална дистанца.
ЛА ЛИГА
Шпанската фудбалска федерација прво настојуваше сезоната да заврши според актуелната табела, но Ла Лига одби. Подоцна Хавиер Тебас (Ла Лига) и Луис Рубиалес (федерација) имале 8-часовен состанок и договориле клубовите да почнат со тренинзи со социјална дистанца во помали групи, а на средината на јуни би требало да има рестарт, доколку владата дозволи.
За сега во Шпанија нема официјален датум за рестарт на фудбалот.
СЕРИЈА А
Сите клубови едвај чекаат да ја продолжат сезоната. Постепено почнаа со индивидуални тренинзи, а за 18-ти мај се закажани поголеми групни тренинзи на отворено, а од 25-ти мај треба да се отворат сите големи спортски центри.
Во Италија уште нема точен ориентир иако министерот за спорт на оваа земја рече: „Нема причина да се верува дека Серија А ќе се врати пред средината од јуни“. Неофицијално Серија А би требала да продолжи на 18. јуни.
БУНДЕСЛИГА
Првата топ европска фудбалска лига која се враќа на сцена. На 16-ти мај германската Бундеслига (1 и 2) ќе има рестарт после паузата. Веруваме дека тоа ќе ги инспирира и другите.
Необичен беше пакетот мерки кој германските медицински лица во соработка со германската фудбалска федерација (DFL) го доставиле до сите клубови.
ЛИГА 1
Прва европска лига која на барање на владата ја заврши, официјално ја прекина сезоната. ПСЖ е шампион, Лион остана без еврокупови и планира да оди на суд како и Тулуз кој се противи на испаѓање од лигата иако освоија само 1 бод на 18 меча.
ЕРЕДИВИЗИЈА
Во Холандија се забранети сите масовни собири (дури и без гледачи) до 1 септември, така што сезоната таму е завршена. Исто е и со Белгија. Новите сезони ќе им почнат од септември.
АВТОСПОРТОВИ
Гранд При на Формула 1 во Австрија е планиран за 5. јули, но постојат големи шанси стартот да се промени во секој момент. Пред Формула 1 ќе се вратат трките NASCAR и Indycar.
НХЛ
Уште нема никаков официјален датум за продолжување на сезоната.
КОШАРКА
Во НБА исто така е нејасна ситуацијата. Комесарот Адам Силвер изјави дека во текот на 2-4 недели ќе излезат со план за враќање кон нормалниот живот.
Европлига сака да игра само плејоф, без доигрување на преостанатите неколку кола, иако никој не соопштува кога е можно да продолжат.
ТЕНИС
Се зборува за јулски турнири, иако неофицијални турнири веќе се одиграа во Германија а се планираат и во Франција, Велика Британија и во академијата на Рафа Надал на Мајорка. Гледачи по се изгледа нема да има, но ќе има пренос од натпреварите.
Барем за сега ова е став на Светската тениска асоцијација.
УФЦ
На 9 мај во Џексонвил се одржа голем турнир на УФЦ кој како да најави големо враќање. Планираат во меѓувреме на 17. мај уште два турнири, не со многу звучни имиња, но ќе се одржат 100% сигурно, вели Дена Вајт, првиот човек на организацијата.
Рестарт на лигите:
Чешка лига - 23 мај
Данска лига - 28 мај
Португалија - 4 јуни
Ла Лига - 12 јуни
Серија А - средина/крај на јуни
Премиер лига - 12 јуни
Руска лига - 21 или 28 јуни
Лига на шампиони - 7 август
Лига Европа - 2 август
Фудбалски првенства кои дефинитивно ја прекинаа сезоната:
Лига 1 (Франција)
Ередивизија (Холандија)
Европско првенство 2020 презакажани за 11 јуни 2021
Кошаркарски првенства:
НБА - Ќе се решава овој месец кога да продолжат
Евролига - Иста приказна
Олимпијада - 23 јули до 8 август 2021 година.