Веќе два месеци кукаме за фудбал, ама поминаа три години откако поетот од коментаторското столче, се одлепи засекогаш од микрофонот со кој 42 години царуваше во спортскиот етер. Во стил на шаховски мајстор ја водеше публиката во преку 2.100 преноси во разни спортови.
Се одјави од кабина емотивно, на мадридското дерби во полуфиналето од ЛШ на 10 мај 2017-та. Каков радиофоничен глас, каква страст и емоција за коментирање. Легенда.