Offside

Очекувањата биле да достигне цена од 10 милиони, колку беше продаден дресот.

Џејми Карагер уште има последици од дуелов

Поминаа преку 15 години од овој дуел. Го носеа по масери, местачи, ортопеди, ама џабе бидејќи падна, стана, па пак падна од немоќ, а кикаков ќар немаше ниту од помошта на другите двајца. Ете до толку беше јак со топка легендарниот Џанфранко Ѕола. Го испокриви човекот.

Што сака прави со топка, само што не му ја даваат

Во Премиер лига забранија ракување, во Серија А се игра без публика, а и таму не се поздравуваат. Што денови дојдоа, човек да не смее веќе ни топка да фати од тоа проклетата корона. Ама па мајстор си е мајстор и без топка.

Четири гола за кои вреди да платиш скапа карта

Американската фудбалска лига МЛС станува сè погледлива. На некои натпревари, како на пример синоќа Лос Анџелес - Филаделфија (3:3) паѓаат голови како дожд. И тоа онака баш фини голови за око.

Златан од Индија

Додуше Ибрахимовиќ ја офука за Шведска надвор од шеснаесет, ама па ова за индискиот фудбал е најјак гол на сезоната, па и јаче.

Или ја играл во кладилница, или ја наместил, трето нема

Меч од 3. португалска лига меѓу Тореенсе и Анадиа. Играч на натпреварот, судијата Луис Рефорцо. Во 65’ минута суди смешен пенал за домаќинот и дава директен црвен картон за гостите. После го повторува изведувањето на пенал дури 3 пати од кои првите 2 беа промашени од играч на Тореенсе. Португалската фудбалска федерација експресно го дисциплинирала и го тргнале од листата на судии.

Пусти трибини на фудбал во Италија

Сезоната која до пред само неколку недели важеше за најинтересна во Серија А во последните неколку години, полека стивна во сенка на сериозниот замав кој го прави коронавирусот. Фудбал час се игра, час не се игра, а гледалиштата сурово празни.

Првата фотографија на Роналдињо од притвор

Хернан Родригез, кој работи како парагвајски новинар во радио Униканал, ја објави првата фотка од Роналдињо во истражен затвор, обвинет поради влез во Парагвај со лажни пасоши.

Акцијата на Јуве која го зашемети пола Интер

Во дербито на Италија, шампионот Јувентус со 2-0 го доби Интер и бодовно се одлепи на табелата. Арон Рамзи и Пауло Дибала беа стрелци на головите. Акцијата која му претходеше на погодокот на Аргентинецот беше R1 и L2 на Сони Плејстејшн.

И Роналдо се нашали со короната

Дербито на Италија го доби Јувентус со 2:0, но без публика го немаше истиот драж. За тоа е свесен и Кристијано кој се поздравуваше со невидливи навивачи.

Министер во Италија го прекори Пандев што ги гушкал соиграчите

Гоче игра како во најдобрите денови. Со убав гол на „Сан Сиро“ против Милан уште повеќе придонесе во борбата на Џенова за опстанок, но ни крив ни должен наиде на критики од министер во Италија.

Горан тресе мрежи и на Сан Сиро

Џенова води жестока битка за опстанок за која упорно се бори Пандев кој реди голови. На тешкото гостување против Милан му требаа само 7 минути за 7-ми погодок сезонава во Серија А.

Како први така други

Гостува Кардиф Сити кај Барнсли. И до 65' минута нема голови, а после во само неколку секунди Кардиф дава два гола. Прво Вили Волкс а после Калум Патерсон. Вториов неуспешно проба да ја имитира прославата на првиот.

Лапна парче хартија за да не му ја видат тактиката

Спортот, посебно фудбалот е полигон на сваштарија. Може да видите буквално сè и сешто. Ко на пример оваа будалаштина на Баду Ндијае, 29-годишен Сенегалец кој игра за турски Трабзонспор. На мечот против Газијантеп (1:1), тренерот на Трабзон Усеин Чимшир му напишал на лист на Ндијае некои тактички совети, а овој откако прочита го лапна листот.

Ако влезеше шутов на Мане, ќе беше гол број 1 на Енфилд сезонава

Ливерпул конечно по серија слаби резултати, успеа да го совлада Борнмут 2-1 после пресврт и на тежок начин да освои 3 бода на патот до титулата. Садио Мане на овој меч имаше луд обид да го постигне најубавиот гол сезонава во Премиер.

Капитенот на Ајакс збесна со помлад соиграч

Капитенот на Ајакс Душан Тадиќ со 2 гола и асистенција беше играч на мечот на гостувањето кај Херенвен (1:3). Ај што даде два експрени гола туку и му се изнавика на малиот Сержињо Дест да се сконцентрира.

За слободните на Меси почнаа да се редат по тројца голмани

Реал Сосиедад вечерва не ја сопре Барса која славеше 1:0, ама го спречи Меси да даде гол од слободен удар. Како? Со специјална тактика која ја вежбале на тренинг. Се состои од три живи ѕидови во формација 3-4-3. Тоа е, нема друго чаре.

Клоп in your face

Ливерпул го совлада Борнмут со пресврт 2:1 и со тоа ја прекина серијата од три порази по ред на сите натпреварувања. Со денешниот триумф тие стигнаа до 22 победи по ред на домашен терен во Премиер лигата што е рекорд.

Смеј се, топката ја дупна

Ерик Јирка е фудбалер на полски Гурник Забже. Има 22 години и e тотално без осет кога ќе начека топка на волеј. Што има дечково во ногата не е јасно, ама ова не е нормално колку е силно.

Како се поздравува Мурињо поради короната

Корона вирусот пристигна и во Велика Британија и од тие причини во Премиер лигата е донесена и првата мерка за превенција. За почеток забранија ракување за кое спрдња направи се знае кој.

Во неизвесен натпревар Аптив и Рамстор ги поделија бодовите

Екипите на ЕВН и Пекабеско славеа победи во последниот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Аптив и Рамстор одиграа без победник.

Докторот се врати после 4 месеци и покажа дека е класа

После долго отсуство поради повреда, Стеф Кари облече дрес и демонстрираше зошто неколку пати го бираа за најдобар играч во целата лига.

Градски ќе крца, од Запад ќе грмат македонските навивачки групи, на Исток се гостите

Веројатно како никогаш до сега во историјата на репрезентативниот фудбал, се случи масовна и екстра брза распродажба на карти за натпревар на македонската фудбалска репрезентација. Отидоа сите за ТРИ дена.

118 години гигант - Реал Мадрид слави роденден

Основан на 6. март 1902 години, Реал Мадрид, составен од фудбалскиот и кошаркарскиот клуб, во 118-годишната историја освои 23 титули европски првак (13 во фудбал, 10 во кошарка).

Џесика каков тост бе, друго ти бара човекот

Добро бе жено нели гледаш дека немам денес тренинг, немам утакмица и не сум во карантин. Гладен сум, ама не за тост. Е сега он па појма нема дека максимум што може да добие во тој момент е сепак тост. Зошто? Затоа што се снима.