
Разделбата на Русевски со Југ, кој три децении е дел од македонскиот тенис како играч и тренер, ја соопшти на Фејсбук.
Тој е целосно разочаран од претседателот на клубот за кој вели дека се однесувал арогантно и го прогласил за непожелен.
Предраг Русевски пред 14 години го совлада Јарко Ниеминен од Финска токму на теренот на Југ во Градски парк, кој во тоа време беше на 17-та позиција на АТП листата и со тоа испиша историја за македонскиот тенис.
Најдобриот пласман го оствари две години после историската победа кога се искачи на 242-ро место во светот.