И покрај тоа што нема да биде доделен пехар, сепак ФК Вардар е прогласен за шампион на сезоната 2019/2020 која беше предвремено прекината поради Ковид 19. Нивните најверни навивачи славјето го направија во Градски парк во нивни стил. Црвено црните завршија први со 10 бода предност пред Силекс.