Offside

Фергусон му честита на Клоп: „Ти простувам што ме разбуди во 3:30 да ми кажеш за титулата“

Јирген Клоп апсолутно заслужено собира индивидуални награди. Тој му донесе титула на Ливерпул чекана 30 години и е избран за тренер на годината во изборот на Здружението на тренери на Англија (LMA).

ФК Вардар мислат дека е “копиле“ на друга фамилија, а не знаат дека е нивното највредно чедо

Град Скопје има 49% акции во ФК Вардар и затоа како прав домаќин треба да се грижи за својот имот и да не дозволи тој да стане безвреден (финансиски).

На терен си заврши работа и одеше во живо на БиБиСи

Фудбалер од Ирска го изеде најголемиот срам кој мислевме дека се случува само во селските лиги. Го видоа, го снимија и го пренесоа директно на телевизија.

10 points goes to Vinica

Ај што убаво нè изненади веста дека Росоман (да, да, пазарот) од новата сезона ќе биде второлигаш, туку и Слога Виница изненади на гостувањето во Росоман.

Кинескиот Итар Пејо смисли како да даде гол од слободен

После 5 месеци пауза се врати фудбалот во Кина. Уште во 6' минута од мечот Тијанцин Теда - Шангај СИПГ домаќинот поведе по една итроштина на Ронг Хао кој шутираше буквално по земја под живиот ѕид и во стилот на Меси го изненади гостинскиот голман. Ама гостите кои важат за фаворити за титулата, на крајот направија пресврт и славеа со 1:3.

Патрис Евра му испеа песна на Јуве за титулата

Отраканиот Патрис Евра неколку пати кажа дека најомилен клуб во којшто играл со сигурност му е Јувентус, па сега искористи прилика да му го честита 9-то скудето по ред на шампионот на Италија со песна.

Трансфер на чешки фудбалер во Вест Хем ќе му донесе 2 милиони евра на четвртолигаш

Ако не сте слушнале за Слован од малото место Хавличкув Брод со 23.723 жители во Чешка не е страшно. Се работи за клуб од четврта лига на оваа земја којшто летово заработи 2,1 милион евра - повеќе пари од дури 15 од вкупно 16 суперлигаши во Чешка.

Слободните на Маунт како дете и сега како ѕвезда на Челси

Откако Лампард го врати во Челси од Дерби Каунти, Мејсон Маунт стана неизоставен дел од првата постава на сините. Главен играч во организација на нападите и мајстор за слободни удари кој го внесе својот тим во Лига на шампиони. Некогаш и сега.

А го видовте ли Пепе Реина колку се отвори?

Член е на Милан, а во Астон Вила брани на позајмица од почетокот на годинава. Со Шпанија е светски и европски првак, а за опстанокот на Вила се радуваше како кога ќе те пуштат твоите за прв пат на екскурзија.

Приказна за тоа зошто Каљари и клубовите од Корзика имаат симбол со црн лик

Еден од најголемите трендови летово, особено во САД беше преоценка на симболите кои може да се сметаат за расистички. Американски франшизи почнаа да размислуваат за преименување и менување на грбот. Ама за тоа не сакаат да слушнат на Корзика и на Сардинија каде со векови има експлицитна хералдика.

Од кошаркарска легенда до разнесувач на храна

Не е секоја спортска кариера гаранција дека после 15 години играње, потоа следува пензија на 35 и ладење цел живот. На пет европски првенства има играно човеков и е рекордер по број на репрезентативни настапи во својата земја, а сега носи гајби за да опстане.

Лучано Спалети, 421 ден без работа

Последно го тренираше Интер (2017-2019), освои ништо и сега од досада сними крајно неинтересен и нетипичен клип за тренер од Серија А. Како да е инфлуенсерка.

Англиска и италијанска култура на славје во соблекувална

Ова се денови кога едни се прскаат со шампионски шампањ, други плачат што испаднале, трети се радуваат што останале во лига, а четврти што влегле. За третиве и четвртиве нешто

Што донесе крајот на Премиер лига?

По напорните обиди и преговори фудбалот во Англија да продолжи, се случи рестарт и Премиер лига и Чемпионшип се доиграа сосема коректно, со добар фудбал но со празни трибини.

Најтивката прослава на титула во историјата на Торино

Јувентус во неделата вечер го освои 39-то шампионско скудето, 9-то по ред, но навивачите го испочитуваа апелот на клубот на социјалните мрежи, да се слави дома а не на улиците. Никогаш во историјата на овој град титула вака тивко не славел ни Јувентус ни Торино („биковите“ имаат 6 скудета).

Премиер лига го избра најубавиот гол на сезоната

Фудбалерите на Тотенхем сезонава како да платија цена за неверојатната мината сезона кога на неколку фронта стигнаа многу далеку и станаа европски вицешампиони. Во новата ќе играат во Лига Европа. Еден од најдобрите нивни играчи, Кореецот Сон го постигна најубавиот гол на сезоната во Премиер.

Конечно и Сари да здивне и да запали цигара ко човек

Со оглед на тоа што важи за најстраствен љубител на тутунот меѓу европските тренери, а ваму 90 минути не може да запали цигара кога е нервозен, Маурицио Сари синоќа после мечот со Сампдорија (2:0) на кој Јувентус го освои 36. скудето (9-то по ред), Сари можеше да се опушти. Ова е негова прва титула во кариерата.

Респект за банерот на Хајдук посветен на Скопје 63`

Од квалификациите за Лига Европа во Скопје од пред некоја година го издвојуваме ова:

Ја спукаа во Кратово на пријателска

Требаше да биде пријателски натпревар меѓу Силекс и Борец, а поради остри стартови настана групна тепачка во која се втурнаа сите на куп. Мислиш за влез во Лига на шампиони се борат.

Е нема играње во ЛШ со вакви потези

Лестер го загуби директниот дуел против Манчестер Јунајтед, вреден пласман Лига на шампиони, а најголемо разочарување на мечот беше Каспер Шмајхел кој не смееше вакво нешто да си дозволи, без разлика што мечот веќе беше решен.

Ова голман со рака не го брани, а Маја со нога го одбрани

За одбрана на колото, месецот и сезоната во Серија А, треба да биде прогласен овој јуначки потег на капитенот на Јапонија, Маја Јошида кој игра за Сампдорија како позајмен од Саутемптон. Луда работа е што спаси против Јуве.

Наполи - Сасуоло со епизоди за Гинисова книга на рекорди

Наполи со 2-0 го победи Сасуоло (Хисај и Алан стрелци), Елмас играше од 79' минута кога влезе на терен наместо Зјелински, ама мечот го одбележија дури 4 епизоди со поништен гол на гостите. Никогаш и никаде не е видено во фудбал вакво нешто. 4 поништени гола. 2 на Филип Ѓуричиќ поради наводен офсајд а сите 4 по првиот и пред вториот гол на Неаполците.

Бане, што му направи на пехарот?

За време на церемонијата доделување пехар на фудбалерите на Зенит кои го освоија Купот на Русија и со тоа двојната круна во оваа земја, капитенот Бранислав Бане Ивановиќ го скрши пехарот откако му падна на земја.

Лукаку кога ќе тргне ти доаѓа да му се тргнеш

Интер ја совлада Џенова на гости со 0:3 и му се доближи на Јуве на -4, кој инаку вечерва ја пречекува Сампдорија. Ромелу Лукаку беше двоен стрелец и стигна до бројка од 23 сезонски погодоци. Ко бик е кога влезе во контра.