Деновите по финалето на Светското првенство 2018 кое го освои Франција, ќе се паметат и по една фотографија која кружеше по социјалните мрежи, а на која се виде шареноликоста на францускиот тим со играчи од африканско и арапско потекло. Но сево ова не мора ништо да значи за расниот состав на репрезентацијата, затоа што на пример репрезентацијата на Франција во хокеј е претежно составена од белци кои се потомци на имигранти од Квебек.
Долг е списокот на земји од кои може да се најдат фудбалери во составот на Франција. Играчи со потекло од Мали, Конго, Сенегал, Гваделупа, Мартиник и многу други.
Натурализацијата одамна стана дел од фудбалот и сега е тешко да се најде репрезентација во чиј состав нема фудбалер со двојно државјанство. Овој феномен е поврзан со издавање пасоши и десно и лево.
Интересно, некои европски репрезентации во составот имаат дојденци од една иста земја, воглавно африканска и најчесто тоа е Демократска Република Конго.
ВО ХХ ВЕК БЕЛГИЈА ГО КОЛОНИЗИРАЛА КОНГО И НИКОЈ НЕ ПОМИСЛИЛ ДЕКА ТОА ЌЕ СЕ ОДРАЗИ НЕКОГАШ ВО ФУДБАЛОТ
Во периодот на рана колонизација, во 1491 година на територија на современа Демократска Република Конго (ДРК) први стапнале Португалците. Но нив набрзо ги прогнале месните племиња кои кренале востание под водство на Мбула Матади.
Подоцна Конгоанците неколку стотини години имале независност, се додека околу нивната територија не се намерачиле Франција, Велика Британија и Германија. Последните три со голем интерес гледале како да колонизираат африкански земји и да имаат соседи меѓу нив.
МАПА НА АФРИКА ДО 1950-ТЕ ГОДИНИ
Но меѓу овие земји почнала противречност па тоа го искористил белгискиот крал Леополд II. Тој успеал да ги колонизира цивилизациите во Централна Африка. Пратил офицери, војска и мисионери кои почнале да го земаат локалното население под свое. Набрзо тоа довело до целосна колонизација на Конго од Белгиското Кралство. Тоа траело од 1908 до 1960 и важи за едно од најбруталните колонизации во историјата на човештвото. Белгиските колонизатори вршеле страшни злодела во Конго.
Подоцна многу Конгоанци спасот од граѓанската војна во нивната земја, го наоѓале со азил токму во Белгија каде денес нивната заедница е меѓу најбројните од африканските.
КОНГО = БЕЛГИЈА = ФРАНЦИЈА
И покрај тоа што Французите не успеале во тоа историско поглавје да ги колонизираат Конгоанците, многу работи ги врзува сите три земји. Прво јазикот, француски, кој е официјално признаен и во Белгија и во ДР Конго.
Потоа и миграцискиот тек од Конго во Белгија и Франција, земји кои во последните децении имаат лојална политика во однос на мигрантите од оваа африканска држава.
Овие фактори ги објаснуваат врските на Конгоанците не само со Белгија од која долго биле зависни, туку и со Франција. Несомнено, Франција во тој период имала огромен број колонизирани територии на многу континенти, па лесно се објаснува богатиот национален состав на земјата и фудбалската репрезентација.
Преку Белгија, Конгоанците се раселувале во многу други европски држави, претежно Англија, Холандија и Швајцарија. Во овие земји може да се најдат многу талентирани фудбалери со конгоански корени.
ИГРАЧИ СО ПОТЕКЛО ОД КОНГО КОИ ИГРАА ИЛИ ИГРААТ ЗА ФРАНЦИЈА
Ако се изземат фудбалери со потекло од Црниот континент, тогаш репрезентацијата на Франција би била многу ослабната.
Да почнеме од почеток:
Голманот Стив Манданда долги години е капитен на Марсеј и го чува голот на француската репрезентација. Тој е роден во Киншаса, главниот град на Конго и на времето можел дa брани и за оваа афиканска земја.
Исто е и со стоперите пред него: Преснел Кимпембе и Елјаким Мангала би играле во одбрана на Конго. Кимпембе играше во финалето на Лига на шампиони со ПСЖ, а вториот играше на Европското 2016 кога Франција изгуби во финалето.
Бекови за Конго би можеле да играат Артур Масуаку од Вест Хем или талентираниот Норди Мукиеле од РБ Лајпциг. Во среден ред би имало место за Блез Матуиди, Стивен Нзонзи (екс Севиља и Рома, сега Рен) и за Тангуи Ндомбеле (Тотенхем), Кристофер Нкунку (РБ Лајпциг) и Жонатан Иконе (Лил).
Нападот на современата репрезентација на Конго од оние кои играат за француските селекции, би можеле да го предводат Жан-Филип Матета од Мајнц и Седрик Бакамбу од кинески Бежин Гуан.
ОД ФУДБАЛЕРИ ВО БЕЛГИСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, КОНГО БИ МОЖЕЛ ДА НАПРАВИ СИЛЕН СОСТАВ
Ако се гледа алтернативна репрезентација на Конго составена од фудбалери со белгиски пасош, станува очигледно дека оваа африканска земја би играла многу важна улога во светскиот фудбал.
Место на голот би имал Мервен Гобле од Васланд-Беверен. Во одбраната лево би заиграл Жордан Лукаку од Лацио, десно Луис Каванда кој играше исто за Лацио а сега е во Стандард Лиеж. Столбови во одбраната би биле Џејсон Денајер од Лион и Дедрик Бојата од Гент.
Пред одбраната би имало место за Марко Кане од Андерлехт а средниот ред би го сочинувале Локонга - Тилеманс - Мангала, сјајни играчи од Андерлехт, Лестер и Штутгарт. Нападот е посебна приказна: Ромелу Лукаку, Миши Батшуаи, Бентеке.
КОНГО БИ ИМАЛ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА И ОД ДЕЦА КОИ ИГРААТ ЗА ШВАЈЦАРИЈА
Алпската земја е уште една држава од чии репрезентативци би можела да се изведе добра екипа која би играла за ДР Конго.
Тука се стоперот Денис Закарија кој игра за Борусија Менхенгладбах (вредноста според Трансфермаркт му е 40 милиони евра) и Кевин Мбабу од Волфсбург. Бекови би заиграле: лево Џордан Лотомба кој летово од Јанг Бојс отиде во Ница и Марвин Шпилман (24) од Јанг Бојс десно.
Во среден ред Касонго, Лукембила и Касаи и во напад Манси.
КАКВА Е СОВРЕМЕНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ДР КОНГО ДЕНЕС?
Конго два пати го има освоено Купот на Африканските нации: во 1968 и 1974. Низ историјата имало моменти кога репрезентацијата на тогашен Заир била една од најсилните на континентот.
Денес репрезентацијата на ДР Конго не може да се пофали со големи успеси. Еден од последните им беше бронзен медал на КАН-2015.
А на Светско првенство не се пласирале уште од 1974 година, кога било нивно единствено учество на Мундијал. Но ова Светско се претворило за права трагедија за нив затоа што по дебаклот 0:9 од Југославија, кога се вратиле дома, диктаторот го истурил целиот гнев врз нив.
Со доаѓањето на демократијата, локалните Конгоанци лесно одат во Европа, играат во големи клубови и живеат раскошен живот. На пример шпицот Седрик Бакамбу заработува огромни пари во Кина а стоперот Аксел Дисаси веќе игра за Монако.