За разлика од мечот во Премиер лига пред неколку дена кога Брајтон тотално го издоминира Манчестер Јунајтед и имаше рекорден број на пречки и стативи на еден натпревар (5), синоќа „црвените ѓаволи“ лесно се справија со истиот противник на исто место. Ги отвори Скот МекТоминеј, ги почасти и Хуан Мата а ги дотепа Пол Погба. 0:3.