Леброн сонува да игра со син му во НБА, малиот веќе заработува милиони долари годишно и планира драфт

Брони Џејмс е првото дете на Леброн Џејмс. Малиот е роден во октомври 2004-та година кога Кралот Џејмс уште не дебитираше на Ол-Стар мечот, а сега веќе се зборува за нивна можна средба на НБА паркетите.

Животот во раскош уште од самото детство му овозможил на Брони да се фокусира само на кошарката. Го крстил Крис Пол, а како растеше Брони, така медиумите редовно го следеа секој негов чекор. Леброн бил строг со него и просто му забранил да се занимава со американски фудбал и хокеј поради ризик од повреда. Во главата на Леброн му било само син му да игра кошарка.

До 12 години Брони не смеел да има мобилен телефон, а идоли на двајцата негови синови биле Расел Вестбрук и Стеф Кари.

Пред Ол-Стар викендот во 2018-та година син му на Леброн не пропуштил убава шанса да заигра еден на еден со неговиот идол

Растот и развојот на Брони Џејмс очекувано предизвикале голем интерес кај публиката. 9-годишниот син на Леброн играл и во финлето на школскиот шампионат AUU

Во јули 2018-та година Леброн Џејмс-џуниор првпат забил пред публика:

Две години подоцна, веќе куца одлично:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Progress💆🏾‍♂️

A post shared by @ bronny on

На натпреварите на средношколските тимови постојано има скаути кои процениле дека силни страни на Брони Џејмс се одличната конституција на тело и физичката снага, одличен преглед на теренот, елитна брзина и атлетизам а има потенцијал да стане и добар шутер 

Моќна пи-ар кампања за Брони Џејмс била пуштена во 2019-та година. Во февруари Леброн снимил реклама со син му после што почнал активно да го рекламира. Сега на интернет може да се најде дресови, маици, капи, постери па дури и маски за телефон со ликот на Брони Џејмс:

На почетокот на мај годинава, со дозвола од татко му, Брони направил Инстаграм акаунт и во првите 16 часа го заследиле 1 милион луѓе. Денес уима 5,7 милиони следбеници, зад него се едни Лука Дончиќ со 5,3 милиони фолоуери, Бен Симонс (5,3 милиони), Зајон Вилијамсон (5,1 милион), Џоел Ембид (4,3 милиони) и многу други познати НБА ѕвезди.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Neighborhood Hero😴 @ballislife

A post shared by @ bronny on

На крајот од мај годинава Брони Џејмс заиграл во екипа со Заир Вејд, синот на Двејн Вејд, во школото Сиера-Кањон во Калифорнија. Станале толку силен магнет за јавностља, што првпат во историјата ESPN решил да пренесува меч од тимови до 15 години.

Ова го изнервирало Чарлс Баркли кој рекол:

„Зборуваме за тоа како прават пари на ученици со тоа што ги користат. Тоа е веќе експлоатација на повисоко ниво. Нивна единствена цел е да заработат пари на студенти. А сега прават пари и на ученици“.

 Голема публика Брони Џејмс добил и откако раперот Дрејк се појавил во маица со неговиот лик во својот нов спот за песната Money in the Grave.

Летово ESPN направил список од најталентираните 25 средношколци. Брони Џејмс се нашол на 24. место 

Авторитетниот сајт nbadraftroom.com веќе прогнозира дека Брони Џејмс би можел да биде 1 пик на драфтот во НБА во 2024 година 

Брони Џејмс веќе има место меѓу познатите личности во НБА. Тој полека чувствува независност зошто заработува милиони од рекламни договори. Според информациите на медиумите, син му на Леброн заработува околу 10 милиони долари годишно уште сега.

Тој веќе има и „хејтери“ кои фрлале предмети на неговиот меч, а после се извиниле и рекле дека тоа било од љубов:

Прв голем кикс на Брони му бил кога пушел трева во живо на видео-стрим додека родителите му биле на одмор во Италија. Леброн пробал да го тргне видеото од социјалните мрежи, но интернет не простил таква грешка:

Од Инстаграмот на Брони Џејмс може да се дознае и дека негова девојка е Амара Вејанс, ќерка на познатиот актер Дејмон Вејанс. Што се однесува до другите социјални мрежи, Џејмс-џуниор има околу 4 милиони следбеници на Тик-Ток и околу 300.000 на Twitch. Ако правилата за влез на драфтот не се сменат, историскиот настан би го виделе за 4 години.

Леброн Џејмс за тоа време треба да ја исполни својата мисија во Лос Анџелес - со Лејкерс го чека големо финале на НБА против Мајами Хит. Брони во следниот период ќе треба да се избори со големиот притисок и очекувањата од јавноста за тоа да станат првиот татко и син на паркетот во историјата на НБА.

29 септември 2020 - 10:48