Еден од најголемите тенисери и воопшто спортисти во историјата, со рачен часовник на себе дебитираше на Ролан Гарос во 2010 година. Тогаш имаше многу помалку титули но таа година Рафа стана првиот тенисер кој во една сезона освоил три Мастерси-1000 на земјена површина (Монте Карло, Рим и Мадрид) и плус Ролан Гарос.
Првиот рачен часовник Richard Mille кој Надал го носел, бил моделот RM 027 Tourbillon (турбијон е посебно устројување кое го надоместува гравитациониот ефект на механизмот на часовникот и обично се гледа од стаклото од лицето на часовникот - тоа е сигурен знак за елитен часовник).
Од тој модел биле произведени само 50 примероци и еден чинел 525.000 долари.
Оваа астрономска сума за часовници без скапоцени камења и метали, особено од марка која не беше ни десет години стара се објаснува со нивната ѕверска технологија: часовниците биле тешки само 20 грама од кои 16 само за каишчето. Во индустријата за часовници, брендот Richard Mille е познат и како „формула 1 за зглобови“.
„Моите часовници се многу сложени, а јас пак спротивно, сум едноставен“, рекол еднаш Рафаел Надал.
„Сакав да воведам нов бизнис модел, поинаков од традиционалните маркетинг стратегии“, рекол Швајцарецот Ришар Мил, сопственик на брендот на промоција на Baselworld-2011, часовник кој не е направен од злато или платина, туку од титан.
„Создадовме елитен сегмент на пазарот на високотехнолошки часовници на кој би биле претставени ексклузивни ултрасовремени модели“, додава Мил.
За часовниците на Надал, сопственикот на брендот рекол дека на еден меч Рафа го скршил прототипот кој го носел: круната, стаклото и рамките (не и самиот механизам) не можеле да го издржат оптеретувањето при играње. Во исто време, рамката не го издржала постојаното бришење пот од лицето на Надал, па металната браслетна ја замениле со поинаков материјал.
„Ги сфаќам луѓето кои викаат дека толку пари за рачен часовник не е нормално. Но ако мојата цел беше да се збогатам, јас би произведувал часовници во Кина, а не во Франција и Швајцарија каде секое производство проаѓа десетина тестови пред да го одобрат.
Нашите цени се така високи зошто моите соработници се уметници кои прават часовници како во старо време, само што користат современа технологија. Еден модел понекогаш може да се разработува до седум години“.
Соработката на Надал со Ришар Мил не тргнала со добро, затоа што во првите две години му украле два скапоцени часовници: прво после дебитантскиот триумф на Ролан Гарос, во соблекувална на канадскиот Мастерс во 2010 му украле скап часовник, а после во 2012 година од хотелската соба во Париз за време на Ролан Гарос (во вториот случај се испоставило дека барменот од хотелот го украл, па брзо го откриле и привеле“.
Се зборуваше дека тоа е и маркетиншки трик на брендот.
„Не е точно. Тој човек лежеше во затвор. Но нам ни појде од рака зошто марката стана попопуларна“, додава Мил.
Со текот на годините рачниот часовник стана главен атрибут на Надал за време на настапите, исто како и неговите замотани прсти со завои. Во 2018-та година тој носел часовник вреден повеќе од 700.000 евра кој тежел само 18 грама. Рафа за тоа зборуваше на Вимблдон 2019 кога еден новинар го прашал дали зема пари од спонзорство на часовникот.
„Вие сте единствен кој носи рачен часовник на терените. Дали за тоа ви плаќаат посебно?“
- Тие се така лесни часовници, по 18 грама. Секако, мој спонзор е, но колку и да ми платат, ако часовникот не ми лежи идеално за време на натпреварите, никогаш не би ги носел на терен. Тие (фирмата) создаде уникатни работи, долго ги тестиравме пред да почнам да ги носам“.
На актуелниот Ролан Гарос 2020, по повод јубилејната 10-годишна соработка со Надал, брендот Richard Mille произвел пет часовници модел RM 27-04: биокомпатибилна легура на титан, алуминиум и ванадиум, кои се користат во воздухопловна и автомобилска индустрија и кои на структурата и даваат дополнителна цврстина и овозможува површината да биде што порамна
RM 27-04 е модел кој симулира тениски рекет. Преку целата круна е развлечен плетен челичен кабел од 0,27 мм кој го држи сатниот механизам. Правите агли се формирани од попречни жици кои спречуваат прекумерно абење предизвикано од неизбежното мрдање при тениски меч. Овој часовник кој деновиве на Ролан Гарос го носи Надал тежи 30 грама, произведени се само 50 примероци и еден чини 1 милион долари.