Од левата страна на фотографијата го гледате младиот Виктор Осимен кој направи рекорден трансфер од Лил во Наполи за 70 милиони евра, а од другата ветеранот Андреа Масиело.
Прво што ни доаѓа на памет како прашање е што мислите, ако Мисиело е меѓу 14-те позитивни во Џенова, дали после овој дуел е заразен и Осимен ако се знае дека вирусот се пренесува преку уста? Па фали уште да се залапаат.
Ова фотографија е доказ дека во фудбалот не се проблем само навивачите кои се лишени од фудбал на стадиоn, затоа што играчите 2% не водат сметка на терен, па на големо гледаме поздравување, гушкање, па уште и вакви фејс ту фејс сцени кои нема шанси некој да успее да ги искорени.
За сега нема детални информации кои фудбалери се заразени, само познато е дека Пандев е негативен. Вториот играч кој не засега е Елмас кој исто така настапи на тој дуел. Само за потсетување полуфиналето од Лига на нации меѓу Македонија и Косово се игра на 8 октомври во Скопје.
После оваа шокантна информација, се очекува дополнително тестирање во Џенова по кое веројатно ќе се знае дали ќе може да го играат следното коло во кое го пречекуваат Торино во сабота.
Според правилата на ФИФА, за клубот да може да се појави на средбата, доволно е да има 13 фудбалери, а истовремено има можност да повика играчи од младинскиот тим. Во случај на одложување на мечот, Џенова и Торино полесно ќе најдат слободен термин за одигрување, бидејќи немаа ангажман во европските купови.
Она што дополнително се комплицира во вакви ситуации е каква ќе биде ситуацијата со нивниот противник од викендов, во случајот Наполи. Според пишувањата на италијанските медиуми играчите и членовите од стручниот штаб прво ќе имаат прва рунда на молекуларни тестови.
Наполитанците во недела му гостуваат на Јувентус, а нивното одложување би било покомплициран процес со оглед на тоа што овие две екипите играат во ЛШ и ЛЕ.
Одлуките за одложувања ги носи советот на лигата, а ако уште после второ коло доаѓа до вакво масовно заразување по кое хипотетички е можно четири екипи да го прерипаат следното коло, тогаш се поставува прашањето, како ли ќе успее лигата да фати нормален тек?
Газета пишува дека веќе има тензија меѓу играчите на Наполи кои на големо почнале да се допишуваат во чат групата на Whatsapp, исплашени за своите семејства, а Гатузо се обидувал да ги смири.