Пеп на одбрана троши буџет каков што немаат некои министерства за одбрана

Долг е списокот на одбранбени фудбалери кај Пеп Гвардиола. Последен кој го засили тимот е 23-годишниот стопер на Бенфика Рубен Диаш кој на „Етихад“ доаѓа за страшни 68 милиони евра и евентуални 3,3 милиони евра во вид на бонус од успешни настапи.

Рубен Диаш е дете на Бенфика. Тој сега станува најскапиот дефанзивец во историјата на Манчестер Сити. Во спротивен правец отиде Николас Отаменди платен од Бенфика 15 милиони. Пред него „граѓаните“ платија по 65 милиони евра за трансферите на Лапорт и Жоао Кансело. Но и натаму не го надминаа комшијата од „Олд Трафорд“ кој за Хари Мегваер мораше да одвои астрономски 87 милиони евра.

Пеп Гвардиола за 4 години на клупата на Сити продал дефанзивци за 84 милиони евра, потрошил 480 милиони евра за играчи од одбраната.

Кога Шпанецот дојде во Манчестер Сити, таму начека ветерани во последната линија: 33 годишниот Сања, 31 годишниот Забалета, 30 годишните Коларов и Клиши. Пеп решил дека е неопходно да ја обнови одбраната и не жалел пари за тоа. Сите ветерани веќе заминаа како слободни играчи.

Манчестер Сити го купи дури и Анхелињо кој пред некоја сезона беше во нивната академија па замина. Овој шпански бек играше по разни позајмици а место си најде во ПСВ Ајнхдовен кој го купу за 5,5 милиони евра. Сити потоа го откупи за 12 милиони и сега пак го позајми, овојпат во РБ Лајпциг.

Малку се примерите на некаква заработка, како во случајот со Данило. Сити го испазарил за 30 милиони евра а го продаде во Јувентус за 37 милиони евра. Во рамките на таа зделка Кансело дојде во Манчестер.

БУЏЕТ КАКО ШТО НЕКОИ ЗЕМЈИ НЕМААТ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

Во Сити се сигурни дека не згрешиле за најново засилување Рубен Диаш во однос цена-квалитет. Минатото лето можеле да го доведат овој стопер за 60 милиони фунти, а откако тој потпишал нов договор со португалскиот клуб, цената му скокнала до 80 милиони.

Сити потрошил вкупно 64 милиони евра за него, но во спротивен правец го продаде Отаменди за 13,7 милиони евра. Диаш доаѓа да ја засили одбраната која од Лестер прими 5 гола минатиот викенд и не е на нивото веќе некое време.

Рубен Диаш има 23 години од кои 12 поминал во системот на Бенфика, неговиот матичен клуб. Ќе биде интересно да се види за колку брзо време ќе се адаптира на Гвардиола. Тој е навикнат да игра за екипа која доминира со посед, а плус Бенфика игра на кратки пасови како и Сити.

Една од појаките страни на Диаш е неговиот долг пас:

Во ерата на Пеп, Сити за дефанзивци потрошил:

Рубен Диаш - 68 милиони евра
Емерик Лапорт - 65 милиони евра
Жоао Кансело - 65 милиони евра
Бенжамен Менди - 57,5 милиони евра
Џон Стоунс - 55,6 милиони евра
Кајл Вокер - 52,7 милиони евра
Натан Аке - 45,3 милиони евра
Данило - 30 милиони евра
Анхелињо - 12 милиони евра
Педро Поро - 12 милиони евра
Јан Коуто - 6 милиони евра
Иса Каборе - 4,5 милиони евра
Филипе Сандлер - 2,5 милиони евра
Александр Зинченко - 2 милиони евра
Ко Итакура - 1,1 милион евра

Вкупно потрошени средства за дефанзвици: 479,2 милиони евра

Гвардиола ги продал следните дефанзивци:

Данило - 37 милиони евра
Николас Отаменди - 15 милиони евра
Џејсон Денајер - 10 милиони евра
Пабло Мафео - 9 милиони евра
Анхелињо - 5,5 милиони евра
Александар Коларов - 5 милиони евра
Пабло Мари - 1,7 милиони евра
Флориан Лежен - 1,5 милиони евра
Елиаким Мангала - бесплатно
Венсан Компани - бесплатно
Хесус Навас - бесплатно
Гаел Клиши - бесплатно
Бакари Сања - бесплатно
Пабло Забалета - бесплатно
Мартин Демикелис - бесплатно

Вкупна сума од продадени играчи: 84,7 милиони евра.

29 септември 2020 - 13:18