За што се скачнаа Лампард и Мурињо?

Тотенхем и Челси одиграа интересен меч во Лига Купот каде Спарси со мешан состав успеаа да го исфрлат Лампард на пенали од натпреварувањето, а Мурињо успеа да се закачне и со тренерот на Челси, некогашниот негов главен адут на теренот.

Френк Лампард долги години беше клучен играч кај Португалецот во Челси, но сега тој е тренер на сините и нема многу респект за Жозе во таа улога.

Конфликт настана кога Челси постигна гол преку Тимо Вернер во 19’ минута, а после неколку минути Мурињо нервозен му се пушти на Лампард. Не му се допаднало тоа што Френки влегувал во неговиот обележан простор.

„Одјеби Френк! Кога губите 0:3, ти не стоиш тука (крај линијата)“.

Мурињо алудираше на скорешниот меч на Челси против Вест Бромвич кога тимот на Лампард губеше 3:0 во 27 минута а Френки стоеше како попарен без глас.

Тренерот на Челси минатата сезона имаше жустра расправија и со Јирген Клоп за време на дербито на „Енфилд Роуд“, а сега се закачна и со Мурињо.

Португалскиот тренер после натпреварот ги смири страстите:

„Со Френк најважна работа се моите чувства за него и тоа е поважно од зборовите што ги разменивме. Единствено нешто што му кажав беше мислење на постар тренер до помлад талентиран тренер за тоа што им треба на играчите кога губат. Кога победуваат не треба да бидеме актери на аут линијата. Мора да бидеме тука кога губат и последниот меч кога Челси губеше 3:0 ми беше жал за него зошто беше навистина тажен и тивок на неговото столче. Во однос на фудбал нема што да го учам. Ова е само мислење. Да седиш крај аут линијата кога тимот ти губи и да бидеш мирен кога тимот ти победува“.

Лампард рече:

„Имавме мала забава крај аут линијата. Добар сум со Жозе. Го коментирав само фактот дека зборува со судијата повеќе отколку што зборува со неговите играчи. Имам огромен респект за Жозе. Мислам дека тој беше нервозен поради првото полувреме но на крајот добро се заврши“.

Во текот на мечот имаше уште еден интересен момент, кога Ерик Даер во 77’ минута реши да излезе од теренот и да истрча до тоалет. Во тие моменти Челси имаше опасен напад преку Одои-Абрахам, па во одбраната на Тотнем имаше дупка поради отсутниот Даер.

А Мурињо исто истрча после него, за да види што се случува. „Сакав само да го забрзам, да не се задржува“, рекол Жозе после мечот.

Тотенхем славеше на пенали 5:4 откако Мејсон Маунт го промаши решавачкиот пенал. После натпреварот Ерик Даер објавил фотографија на неговиот Инстаграм:

„Правиот играч на натпреварот“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

The real M.O.M

A post shared by Eric Dier (@ericdier15) on

30 септември 2020 - 10:06