Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Елмас и другарите убедливи во Шкотска, Јуве и Челси киксираа дома

По првите 45 минути со само бедни четири гола на седум средби, стрелците во ЛШ се разбудија во второто полувреме. Манчестер Сити со пресврт ја доби Борусија, а од фаворитите триумфираа и Реал и ПСЖ. Јувентус по две кола останува на 0 бодови.

100-ти европски настап за Адеми, мајсторска асистенција на Петковиќ, победа на Милан

Гостувањето на Сан Сиро беше преголем залак за Динамо Загреб да направи уште една сензација во ЛШ после триумфот дома против Челси. Милан беше подобар со 3:1. Атрактивно додавање на Петковиќ до Оршиќ кој погоди за 2:1. Јубилеј за Аријан Адеми кој е рекордер во историјата на Динамо со 100 настапи во Европа.

Велшани исвиркаа минута молк за кралицата Елизабета II

Немаат сите народи во и околу Велика Британија исти чувства за починатата кралица Елизабета II. Во Република Ирска на меч на Шамрок Роверс домашните навивачи ја навредувале кралицата, а едноминутен молк бил прекршен на меч на велшкиот клуб Рексам кој игра во англиската петта лига.

Специјален пречек за Рики во Милано

По сензацијата дома против Челси во првото коло од ЛШ, Динамо Загреб вечерва со почеток од 18:45 му гостува на Милан. Аријан Адеми и Стефан Ристовски на Сан Сиро ќе имаат поддршка од Гранде Пандев. Поранешниот капитен на Македонија го пречека својот другар со кој го славеа најголемиот успех на македонската репрезентација, а овој дојде спремен со подарок.

Новак кај братот на свадба и бакшиш заработи

Ѓорѓе Ѓоковиќ, помладиот брат на Новак, свадбата со инфлуенсерката Сашка Велелинов ја направи во Црна Гора покрај море. Мажите тераа Вимблдон шема во бело, а на крај во последното видео изненадија со една стара игра во вода, позната под името „бел делфин“. Сте ја играле со другарите, кога ќе ја видите ќе ви текне.

Баварското зига-зага на сметка на Барселона

Баерн со 2-0 ја победи Барселона која во Минхен створи еден куп шанси ама не искористи ниедна. На „Алијанц Арена“ домашните навивачи прво го поздравија Левандовски со аплауз при првото негово враќање на стадионот каде се прослави, после извадија парола за британската кралица а и скандираа против Барселона.

Поцеко цепа српски

Слушнете го како зборува српски италијанскиот шоумен кој ја шокираше Србија. Првиот дел му е брз, течен и одлично изговорен.

ВАР судиите заспаа во Леверкузен

Само неколку дена по судискиот гаф во Серија А кој го обиколи светот и доведе некои федерации да забрзаат со воведување на полуавтоматски офсајд, сериозна грешка падна и во Лига на шампиони.

Ирец одби да оддаде почест за кралицата

Ирскиот репрезентативец Џејмс Меклин ја потресе британската јавност со дискретно одбивање да укаже чест на починатата кралица Елизабета II. 

Германскиот селектор не им ја дал кредитната картичка на играчите да се почестат

За разлика од шармантниот и лудо харизматичен италијански тренер Џанмарко Поцеко кој ја воодушеви цела кошаркарска јавност со шоуто на Евробаскетот, германскиот селектор остана ладен како шприцер и по големиот триумф за пласман во прво полуфинале за Германија од 2005-та.

Лудиот кош на Слукас од преку половина терен

Кошаркарите на домаќинот Германија ја совладаа Грција убедлвио со 107:96 и се пласираа во големото полуфинале на Европско 2022 каде ќе се судрат со Шпанија (прво полуфинале за Германија уште од 2005-та). Грците се држеа колку што се држеа преку неверојатниот Јанис Андетокумбо кој на крајот имаше 31 поен, 8 асистенции и 7 скока. А поенот на мечот го даде Костас Слукас од своја половина и тоа со звукот на сирената за полувреме.

Дембеле со еден потег го укова Павард во место

Осман Дембеле важи за еден од најбрзите фудбалери на денешницата. И не само, туку се работи и за заебан дриблер. Тоа добро го знае и неговиот сонародник Бенџамин Павард, кој остана закован со две нозе и се откажа од дуелот.

Навивач на Ајнтрахт Франкфурт скокна во море за да избегне ќотек во Марсеј

По крвавите нереди на мечот Ница - Келн минатата недела во Лига Конференции, француската полиција имаше работа како што немала од Европското 2016-та. Во Марсеј, град познат по озлогласени криминални банди и хулигани, стигна армијата на Ајнтрахт Франкфурт. Во број од преку 5.000 од кои пола без карти, Германците во Марсеј имаа жесток пречек.

Двете големи утки на Педри и Левандовски

Барселона синоќа ги имаше најзрелите шанси на Алијанц арена, но победата оди кај Баерн. Двете најсериозни прилики од неколкуте се на Левандовски и Педри, особено онаа на 19 годишникот кој не смееше да пропушти ваква прилика еден на еден со голман.

Лука Дончиќ од тротоар

Во пресрет на четвртфиналето Словенија - Полска вечерва од 20:30, најдовме клонирана верзија на Дончиќ во Њујорк.

Навивачите на Баерн пецнаа за Кралицата и фудбалот

Баерн Минхен ја доби дерби пресметката против Барселона, а германските навивачи испратија порака до УЕФА која се однесува на одложувањата на натпреварите поради смртта на Елизабета.

Прекрасен пречек за Левандовски во Минхен

Повеќе од шеесет илјади гледачи на Алијанц Арена во Минхен вечерва ја пречекаа клупската легенда Роберт Левандовски на прекрасен начин, со громогласни аплаузи и скандирања. Полјакот влезе во историјата на Баерн како еден од најдобрите стрелци пред летово да замине во Барселона каде продолжи да решета.

Баерн за четири минути ја скроти Барселона, а Леверкузен за две минути Атлетико

Второто коло во Лига на шампиони беше вечер на голови во кратки интервали. Баерн, Баер Леверкузен и Спортинг Лисабон буквално во 3 до 4 минути ги решија своите ривали со по два гола. Клуб Бриж направи големо изненадување откако со 0-4 го растури Порто на гости.

Јунакот на Италија откри колку пари потрошиле од картичката на селекторот

Селекторот на Италија Џанмарко Поцеко дефинитивно е прав шоумен. А играчите играат по неговите ноти и се забавуваат во комплетна слобода.

Навивач распали со золја на игралиште во хрватска лига

Минатиот викенд на меч меѓу Плитвице и Соколац кои се натпреваруваат во пониските хрватски лиги, некој навивач, веројатно презаситен од бакљи и топовски удари, реши да ги помести границите на навивачката сцена. Гранатата падна на само пар метри од играчите.

Дај да пафнеме, поопуштено судам така

Ние ви должиме инфо за утакмицава на кој жив е фатен судијава во офсајд, а тој по некој дим на помошниците. И тие се судии, стегнати ли да судат?

Најатрактивните 10 поени на Алкараз на УС опен

Сè чини дека доаѓа нова ера во тенисот со шпанската фурија Карлос Алкараз. Цунами кое ги збриша сите противници на УС опен, го освои првиот Гренд слем во кариерата на само 19 години и стана најмлад во историјата на врвот на АТП. Според ова што го прикажува, детево најавува сериозна кариера. Погледнете ја оваа брзина и енергија. Нема што не стигна.

Искрена исповед на Франческо Тоти: „Скршен сум, ме држат моите романисти“

Легендата на светскиот фудбал, 10-ка каква веќе нема во модерниот фудбал, некое време е на насловните страни во многу медиуми од нефудбалски причини. Сите пишуваат детали за неговиот растурен брак со познатата тв ѕвезда Илари Блази со која имаат три деца.

Шмекот на италијанска втора лига

Хајлајтс, најубави голови од 5-то коло на италијанската Серија Б. Имаат преубав шмек екипите, стадионите, автентичноста.