
Интересно, Хрватска и Мароко се сретнаа на стартот на Светското, во првото коло од групата Ф кога завршија без голови.
Овојпат вечерва, на „Абдулрахман Ал-Џасмин“ стадионот во Катар, со головите на Гвардиол и Оршиќ, Хрватска беше подобра од Мароканците.
На овој начин Хрватите го повторија огромниот успех од Франција 1998 кога исто беа трети под водство тогаш на Мирослав Чиро Блажевиќ.
За разлика од претходните дуели кога свесно и трезвено го опипуваа пулсот на противникот, вечерва Модриќ, Перишиќ и соиграчите тргнаа офанзивно. Таквиот пристап ќе им донесеше водство уште во 2' минута по една несмасна реакција на мароканскиот голман Бону.
Но не помина долго а Хрватска поведе. По еден центаршут на Мајер, Перишиќ со глава спушти во поле а Јошко Гвардиол натрча и со глава во пад погоди за 1:0 во 7' минута.
На одговор од Мароко не се чекаше долго. Само минута ипол, кога Ашраф Дари по центаршут на Зијеш го совлада Ливаковиќ за 1:1.
Потоа следуваше подобар период на Хрватска која во финишот круниса подобра контрола на теренот со нов гол. Мислав Оршиќ маестрално пласираше во аголот на Бону за 2:0.
Со тој резултат се замина на паузата.
Во вториот дел и двата селектори направија повеќе измени зошто поради повреди принудени беа да излезат фудбалери и од двата тима.
До 75' минута немаше преголеми возбудувања, а тогаш најпрво Јошко Гвардиол бараше пенал по еден дуел со Амбрабат во противничкиот шеснаесетник, а веќе во следен напад контакт имаа Петковиќ и Хакими. Судијата реши дека нема прекин ни за првиот ни за вториот случај.
Мароканците во финишот притиснаа но залудно. Не израмнија иако одлична шанса имаше Ен Несири во шестата минута од судиското продолжение.
Croatia take the #FIFAWorldCup 3rd spot! 🇭🇷🥉@adidasfootball | #Qatar2022
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) December 17, 2022
Големото финале за светска титула се игра во недела од 16 часот.