Михајловиќ три години се бореше со проклетата леукемија. Кога како тренер на Болоња соопшти на прес со солзи во очите дека е болен, вети дека ќе ја победи болеста. Во март годинава му се појави втор пат, но третиот пат не успеа.
Првите знаци за загрижености кај неговите фанови се појави вчера после твитот на новинарката Клементе Мимун која напиша „Форца Синиша“.
Последен пат се појави во јавност пред само неколку недели кога го изненади Зденек Земан на промоцијата на неговата книга.
Смртта ја потврди неговото семејството преку соопштение:
„Сопругата Аријана, децата Викторија, Вирџинија, Мирослав, Душан и Николас, внуката Виоланте, нејзината мајка Викторија и братот Дражен, во тага ја соопштуваат неправедната и прерана смрт на нивниот примерен сопруг, татко, син и брат Синиша Михајлоивиќ.
Единствениот извонреден професионален човек, добар за сите. Храбро се бореше против ужасна болест. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри кои го следеа во последните години, со љубов и почит, особено на д-р Франческа Бонифази, д-р Антонио Курти, проф. Алесндро Рамбалди и д-р Лука Маркети. Синиша секогаш ќе остане со нас. Живеам со сета љубов што тој ни ја даде“.