Како реагираше Синиша кога на прес во Скопје заѕвони мобилен со хрватска песна

Се работи за прес конференција по повод квалификациски меч за СП 2014 меѓу Македонија и Србија. Македонска новинарка, инаку позната на редакцијата, заборава да го стави мобилниот на сајлент и наеднаш под нос на Михајловиќ се слуша песната „Далмацијо моја ружа процвала“. Ниту беше провокација, ниту Синиша тоа го сфати така.

На новинарката, која инаку стана да се извини, мобилниот и заѕвони со таа песна, бидејќи има симпатии кон Хрватска. Михајловиќ е људина, се насмеа, ја потпевна песната и ја воодушеви цела сала со реакцијата.

Македонија победи 1:0 со голот на Агим Ибраими од пенал.

17 декември 2022 - 12:51