Марсело мајсторе, вакви евроголови не видовме ниту од Бразил на Светско
Тоа што Мундијалот не е завршен, не значи дека не може да се игра и друг фудбал. Обрнете внимание какво лудо издание пружи легендарниот бразилски бек кој по речиси цела кариера мината во Реал се реши за грчка авантура. Олимпијакос во осминафиналниот Куп натпревар го елиминираше Атромитос со 4:1, а Марсело блесна со два евроголови.