
Хакан Шуќур ја шокираше јавноста кога обелодени дека со години вози Убер такси во САД и дека така преживува. Турскиот фудбалски сојуз избришал сè што е поврзано со него.
Шуќур коментирал на својот Твитер налог, над видеото на кое се гледаат хрватските репрезентативци и селектор Златко Далиќ како ја пеат песната „Лијепа ли си“ во која има стих „Херцег-Босно, срце поносно“.
Видеото на Инстаграм го сподели и хрватскиот селектор Златко Далиќ кој триумфот над Бразил на пенали го посвети на хрватските бранители од војните во ’90-те години.
„Јас сум за Босна и Херцеговина. Ова е неприфатливо. Каква срамота за Хрватска“, напишал Хакан Шуќур на својот профил.
I am standing with Bosnia and Herzegovina.
— Hakan Şükür (@hakansukur) December 13, 2022
This is unacceptable..
What a shame for Crotia! https://t.co/AGpMhYR5zh
Ова видео од налоот BIH Football е опишано со текст: “За Бошњаците терминот Херцег-Босна значи концентрациски логори, силувања, тортури, ропство, прогони, убивања...“
Турскиот фудбалер, пишува хрватски Гол.хр претерува и веројатно не е добро упатен во целата приказна.