Offside

Македонската ракометна репрезентација славеше во Прешов со 31-24 и се наоѓа на чекор до пласман број 10 на Светските првенства.

Бензема годинава има фрустрирачка статистика од пенал против голманот на Осасуна

По перфектниот старт од 6 победи по 6 кола во Ла Лига, Реал Мадрид ремизириаше против Осасуна 1:1. Карим Бензема пред себе имаше голман пред кој се блокира од 11 метри.

Талентот кој со еврогол му донесе победа на Челси, па не прослави против Палас

Во малото лондонско дерби, Кристал Палас го пречека Челси и прв поведе преку Едуар кој го совлада Кепа. Гостите израмнија во 38' минута пред паузата преку Обамејанг и 1-1 беше сè до 90' минута кога доскорешниот фудбалер на Палас позајмен од Челси, Конор Галахер постигна спектакуларен еврогол за три бода на сините.

Магијата на Меси од слободен

Во 9. коло од француската Лига 1, ПСЖ продолжи со победите и ја совлада Ница со 2-1. Стрелци на головите кои други ако не Меси и Мбапе. Аргентинецот направи мајсторија од слободен удар во негов стил а Килијан постигна погодок за победа во 83' минута откако влезе од клупата за резерви.

Мурињо од клупски автобус на паркинг го гледаше дербито со Интер

Со головите на Пауло Дибала во 39' и Крис Смолинг во 75' минута Рома после пресврт по примениот гол од Димарко во 30-та минута го совлада големиот ривал Интер на гости со 1-2. Жозе Мурињо поради суспензија не можеше да биде на теренот а наместо во ложа на трибините, реши да гледа фудбал од клупскиот автобус на Рома и триумфот го прослави на паркинг пред стадионот.

Навивач во Тетово влезе на терен и му удри шамар на играч

Мизерната фудбалска сцена ни доаѓа од мечот меѓу Тетекс и Саса во втората лига. Идиотот фино лепо си влезе на терен, го удри силно гостинскиот фудбалер, а потоа им кидна на џандарите. Каков башибозук.

Растур систем на Миовски во Шкотска, два даде гола за 20 минути

8 настапи - 8 гола за Бојан Миовски во дресот на Абердин каде потпиша ова лето. 7 во домашното првенство и еден во Купот. Абердин славеше 4:1 против Килмарнок, а македонскиот центарфор стрелаше во 24-та и 45-та минута. Првиот погодок го даде од пенал.

Шпански новинар го фати Модриќ на емоции

Немаше време да застане, ама кога му кажа за што се работи се врати и остана до крај. Се работи за емотивен момент со детенце, од славјето во 2018-та кога го славеа успехот на Мундијалот како втори.

Елегантниот потег на Ѓоковиќ кој ја крена публиката во Тел Авив

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Тел Авив откако денес го совлада Канаѓанецот Вашек Поспишил кој важи за негов добар другар, со 2:0 во сетови 7:6, 6:3. Претходно седмопласираниот тенисер на ранг листата, на мечот со Шпанецот Андухар кој го доби убедливо 6:0, 6:3 имаше мошне елегантен потег.

Тоти држи лекции по фудбал и на 46 години

Тоа што е пет години во пензија не е никаква причина да не го викаат на ревијални и хуманитарни натпревари. Неодамна играше во тим составен од пејачи заедно со Батистута. Имаме извадоци само од неговиот перформанс, како дели топки со очи.

Занети, Малдини, Батистута: Колку е важно во управа да има клупска легенда?

На фестивалот за спорт во италијанскиот град Тренто се појави Габриел Батистута, кој се пријави да стане дел од раководското на Фиорентина. Зошто тоа некаде успеа, а некаде не?

Бербер Клоп и Гркот Цимикас

По репрезентативната пауза, фудбалерите се вратија во своите клубови и полека се спремаат за викендот пред нив кога ќе играат клупски фудбал. Така и Гркот Костас Цимикас се прибрал во база на „црвените“ но со нов имиџ. Клоп го прашува колку пари да даде да му го исече тоа опавче? „Ми заличи како Дарвин Нуњез да се смалил“.

Клип со кој се бара да се затвори кандидатурата за гол на годината

Од писмото на читателот ќе сфатите и видите за што станува збор. Мејлот гласи вака: Најјак гол на 21ви век, гаси рубрика гол на годината и барај ги Меси, Виери и Роберто Карлос да гледаат.

Пандев: „ФФМ е станата приватна фудбалска федерација“

Најдобриот македонски фудбалер во историјата, Горан Пандев пред неколку дена и официјално објави дека заминува во играчка пензија и дека времето пред него ќе покаже по кој пат ќе тргне во иднина, дали како раководно лице, дали како фудбалски менаџер.

Шпаркасе Банка и Гранит одиграа по едно одлично полувреме за реми

Макпетрол го декласираше Интертек со 12:0 во четвртиот ден од 2. коло во Бизнис лигата на Македонија, ЈП Дрисла славеше против Сава Осигурување.

56-годишната верна сенка на рекордерот Кипчоге кој победува со него

Во неделата на 25-ти септември легендарниот Елиуд Кипчоге по рекорден петти пат по ред победи на фамозниот Берлински маратон и постави нов светски рекорд. Додека целиот свет беше фокусиран на големиот шампион, ретко кој помислува на дискретниот херој кој е еднакво заслужен за светските рекорди.

Стеф Кари и Клеј Томпсон ќе се пробале со сумо борач

Актуелниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс во Јапонија се подготвува за стартот на новата сезона. Таму воините ќе одиграат две пријателски против Вашингтон Визардс. Посетата на Јапонија е и запознавање со локалната култура, традиција и обичаи па така најдобрите играчи на Вориорс, Стеф Кари и Клеј Томпсон се пробаа со еден сумо борач. Не можеа да го помрднат од место.

Тенисери прво си подадоа рака на мрежа, а потоа ги двоеше судијата

Чудно и нетипично да видиме физички контакт во тенис. Се случи на АТП турнир во Франција меѓу домаќинот Корентин Муте и Бугаринот Адријан Андреев. Бугарскиот тенисер го доби мечот со пресврт, а на крај за да не биде големата мораше да се вмеша и судијата.

Јунус од каде ја извади левицава?

Погледнете какво голчиште падна во Куп натпревар во Турција и тоа меѓу четвртлигаши. Како ли успеа толку прецизно да го погоди ќошот на аголот и потоа таков необичен пад да фати топката? Еднаш во кариера се дава ова.

Трите одбранети пенали на Митревски против Дибиров и Чупиќ

И покрај тоа што на 3 октомври полни 37 години, Никола Митревски продолжува да брани во врвна форма веќе трета сезона во дресот на Порто. Погледнете како им ги ловеше пеналите на двајцата поранешни вардарци на мечот против Загреб во ЛШ.

Италијанец го имитираше Роналдо, па заврши на ренген

Маалската будалаштина се случува во градот Козенца во јужна Италија, траума која на крај мораше достојно да се излечи.

Koј е Шешко, детето по кое урлаше словенечкиот коментатор?

Го споредуваат со Халанд, бидејќи имаат слична конституција, координација, инстинкт и сличен пат и велат дека веќе излегол од неговата сенка. 

Студениот туш на Бугарија на Градски кога дојде како четврта во свет

Сурфајќи периодов на оваа тема, ни излезе видео кое не можевме да не го споделиме. Треба да знаат помладите дека Бугарите предводени од легендарниот Христо Стоичков, на Мундијалот во САД 1994 стигнаа до сензационално полуфинале и како такви ги совладавме во Скопје.