
Без својот најдобар играч и голгетер Виктор Осимен, Наполи го одигра најслабиот натпревар сезонава и тоа на само неколку дена пред првиот меч од 1/4 финале токму со Милан во Лига на шампиони.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во 68’ минута од мечот наместо Словакот Станислав Лоботка но немаше речиси никаков удел во играта.
Голеадата на Росонерите на преполниот стадион „Диего Армандо Марадона“ ја започна Рафаел Леао во 17’ минута. Португалскиот репрезентативец на убав начин го лобуваше домашниот голман.
Само осум минути подоцна Брахим Дијаз го дуплираше водството на росонерите и со резултат 0-2 се отиде на полувреме. Во вториот дел во 59’ минута Леао донесе убедливи 0:3 со уште еден ефектен гол а Белгиецот Алексис Салемакерс ги постави конечните 0:4 во 67’ минута.
Наполи има 16 бода предност во однос на второпласираниот на табела па можеби и веќе се опуштија со спремањето на прослава на скудето.
Овие два тима ќе играат во 1/4 финале на Лига шампиони. На 11-ти април Милан е домаќин а една недела подоцна реваншот е во Неапол.
Милан сега е трет на табела со 51 бод, четири помалку од вториот Лацио и 20 од апсолутниот лидер Наполи.
Во Серија А борбата за места во Лига на шампиони станува се поинтересна затоа што за тие позиции конкурираат Лацио, Интер, Милан, Аталанта, Рома и Јувентус кој се приближи до горниот дел од табелата и покрај бодовната казна која што ја доби.