Симпатична средба на Новак Ѓоковиќ со негова навивачка

Извесна Ракел од САД знае дека живеалиштето на Новак е во Монте Карло каде се спрема за следниот турнир кој се игра од 8-ми до 16-ти април. Таа била голема обожавателка на Ѓоковиќ па решила да дојде во градот каде Новак живее. И после неколку неуспешни обиди да го запознае, во еден момент додека ја чекала пријателката која пазарела во маркет, на улица пред неа се појавува Новак.

Додека мојата пријателка беше во продавница и купуваше нешто, јас излегов надвор и гледај Новак оди во мој правец.

Ја повикав веднаш Ејприл и таа ја спреми камерата. Новак како што очекував беше топол и приемчив како и секогаш.

Му кажав дека сега следни се Отвореното првенство на Франција па Вимблдон и дека треба да ја прекина оваа „драма“ и нерешен Гренд слем статус и да стане неприкосновен најдобар играч на сите времиња. Се надевам дека ќе ви дозволат да играте на УС Опен“, пренела Ракел што му рекла на Ѓоковиќ.

 

3 април 2023 - 13:10