Репрезентацијата на Грузија е она што беше македонската репрезентација со еуфоријата пред Европско првенство. Грузијците се убедливо први во нашата група во Лига на нации со 16 бода и ќе играат во баражот за пласман на Евро 2024. Покрај големиот хит од Наполи Квича Кварацхелија кој им носи скудето, во францускиот второлигаш Мец игра и неговиот сонародник Георги Микаутадзе кој веќе има 15 гола сезонава и е прв стрелец во Лига 2.
Со евроголот на Микаутадзе Мец го победи Лавал 1-0 и е втор во Лига 2 со огромни шанси да се врати во елитната Лига 1. Тој има 22 години, игра центарфор и иако е роден во француски Лион, настапува за Грузија од каде се неговите родители.