Нова голема тепачка избила на мечот меѓу Сенатор и Филаделфија во американската НХЛ хокеарска лига. Прво во клинч влегле Алекс Бедринкет и Џоел Фараби (првиот после дал победнички гол во продолженија), а после се фатиле Николас Делорие и Марк Кастелиќ. Судиите, како што е редот и правилникот во НХЛ, ги оставиле да се тепаат до одредени граници.