Смешен голмански кикс на дербито Баерн - Борусија Д.

Под водство на новиот тренер, врвниот стратег Томас Тухел, Баерн Минхен конечно заигра како треба сезонава. Во дербито со најголемиот ривал за титулата и досегашен лидер на табелата Борусија Дортмунд, Баварците водеа 3-0 после само 23 минути игра, а веќе после 72' минута беше 4-1. Голеадата ја отвори гостинскиот голман Грегор Кобел со чуден кикс. Кобел инаку брани одлично цела сезона но денес киксираше.

1 април 2023 - 19:59