Лукаку и ти ли одбележа априлили?

Првиот ден од април или денот на шегата не беше баш најзабавен за Ромелу Лукаку. Белгиецот кој пред неколку дена постигна хет-трик против Шведска на гости, денес промаши неверојатна шанса сам пред гол. Интер на крајот изгуби 0-1 од Фиорентина и во последните четири меча нераѕурите имаат три порази и една нерешена.

1 април 2023 - 21:48