Француското чудо од дете сам си асистираше забивање

Одамна е познато дека првото место на НБА драфтот летово ќе биде резервирано за 19-годишниот француски кошаркар со африканско потекло Виктор Вембанјама. Тој е роден во јануари 2004-та во Нантер, а по истоимениот клуб играше уште и за АСВЕЛ. Од јули 2022 е во Метрополитанс 92 кој игра во најдобрата француска лига.

На мечот на неговиот тим против Монако, Вембанјама промаши тројка но веднаш потоа во скок ја заби одбиената топка. Ретко видено забивање:

 

3 април 2023 - 12:26