Предводени од тогашниот селектор Игор Ангеловски, Горан Пандев, Елиф Елмас, Енис Барди и другарите после голема и исцрпувачка битка ја совладаа големата Германија на гости со 1-2.
Македонија тогаш во квалификациска група за Мундијалот 2022 во Катар влезе како голем аутсајдер против Германците кои под палката на Јоаким Лев потфрлија во целост и ја разочараа целата домашна јавност.
Македонија таа вечер во Дуизбург ја забележи најголемата победа во историјата, а само неколку месеци подоцна одново го шокиравме светот со триумф и против европскиот шампион Италија среде Палермо.
Прво Горан Пандев на самиот истек на првиот дел донесе водство и со гол предност се замина на полувреме. Во вториот дел Германците израмнија од пенал по пеналот кој го изведе Ѓундоган.
Црвено-жолтите и покрај примениот гол не се повлекоа во целост, туку играа своја игра, одлично ги покриваа сите приоди пред својот гол и вребаа прилика од контра напад.
Во 80’ минута Тимо Вернер промаши невозможен зицер кој подоцна со недели се вртеше по социјалните мрежи како еден од многуте негови зицери.
Оваа пропуштена шанса значеше и казна на другата страна па Елиф Елмас по асистенција на Аријан Адеми во 85-та минута одново донесе предност за Македонија и се испостави го постигна победничкиот гол за 1-2 и светска вест.
Македонија подоцна ја урна и Италија во полуфиналето на баражот за пласман на Светско со 0-1 и тогаш бевме одново светска вест. Во големото финале на плејофот загубивме пред силната Португалија во Лисабон со 2-0.