Жељко Обрадовиќ доби македонски дрес па имаше духовит коментар
Белградски Партизан го победи Реал Мадрид со 104:90 и пред повеќе од 20.000 гледачи го потврди пласманот во Топ8 од Евролига. После мечот македонски новинар му подари на најтрофејниот европски тренер дрес од Македонија со негово презиме, на што Обрадовиќ се пошегува со бојата која алудира на неговиот најголем ривал Црвена звезда.