Борко се обиде да го деконцентрира Серафимов, ама овој ладнокрвно ги реши и него и мечот

РК Вардар доби шлаканица во Автокоманда од момците на Кире Лазаров кои не само што ја отворија повторно неизвесноста за титулата во домашното првенство, туку и се вклучија во битката. Македонскиот првак неочекувано загуби од Алкалоид 22:21, а решавачкиот гол го постигна Мартин Серафимов кој беше прв стрелец на мечот со 7 гола, исто колку што постигна Манасков во поразениот тим.

Борко Ристовски нешто му дофрли на Серафимов, за што доби свирежи од трибините.

Вардар и Еурофарм Пелистер сега повторно се израмнети со бодови, а Алкалоид е на само -3. 

Во следното коло Вардар гостува кај Пролет, Алкалоид е домаќин на Тиквеш, а Еурофарм Пелистер го пречекува Бутел.

Првенството завршува на 28 мај, а распоредот на натпреварите го имате тука.