Таг: рк алкалоид

Легендарниот Џомба гостин во РК Алкалоид

Мирза Џомба, кој важи за икона на хрватскиот ракомет пристигна во Скопје. Повод му е интервју со Кире Лазаров во емисијата (Не)успех првака, а беше гостин и на тренингот на Алкалоид. Инаку Џомба и Лазаров играа заедно во Загреб и Веспрем и тој беше дел од златната генерација предводена од Лино Червар која стана светски и олимписки првак во 2003-та и 2004-та. Гоце Георгиевски по него го носи прекарот Џомба.

Пенал серијата вредна историски трофеј за Алкалоид

Ракометарите на Алкалоид испишаа нова клупска историја и го освоија првиот трофеј од формирањето. Во финалето на Купот падна шампионот на Македонија.

Херојската одбрана на 19 годишниот Галевски вредна историско финале за Алкалоид

Вардар и Алкалоид одиграа драматично и неизвесно полуфинале во Купот на Македонија. За влакно не гледавме седмерди.

Голман на Алкалоид направи лудачки слалом и постигна гол од игра

Пазете ја ситуацијава во кадетскиот шампионат на Македонија. Алкалоид останува со двајца ракометари во игра плус голманот, а Еуфорам Пелистер го има цел тим. Голманот Ѓорѓи Николовски прима топка од центар, прави дар мар и им дава гол во финишот од средбата. Цела екипа му се фрли внатре во гол, за храброста и дрскоста против битолчани.

Последниот тајм аут на Кире и голот вреден историја

Ракометарите на Алкалоид стигнаа до првиот историски бод на меѓународната сцена против фаворитот Ла Риоха среде Шпанија, во второто коло од групната фаза на Европската лига. На околу 20 секунди до крај, Лазаров им даде насоки на своите ракометари како да одиграат во напад 7 на 6 и ризикот без голман се исплатеше. Александар Петковски остана сам на крило и погоди за конечни 29:29.

Како изгледаат европските предизвици за Алкалоид и Вардар сезонава?

Двата македонски претставници во ракометната Европска лига ги дознаа противници во групната фаза, за која Вардарци сè уште се немаат изборено.

Костадин Петров: Да не бев ракометар сигурно ќе бев готвач

РК Алкалоид има рубрика насловена како „На 7 метри со…“, во која јавноста може да дознае нешто повеќе за ракометарите. Како на пример како почнале со ракомет, кои им се идоли, како се мотивираат пред натпревар, хоби и сл. Да го чуеме пикерот Костадин Петров од Велес кој има 31 година и игра и за репрезентација.

Борко се обиде да го деконцентрира Серафимов, ама овој ладнокрвно ги реши и него и мечот

РК Вардар доби шлаканица во Автокоманда од момците на Кире Лазаров кои не само што ја отворија повторно неизвесноста за титулата во домашното првенство, туку и се вклучија во битката. Македонскиот првак неочекувано загуби од Алкалоид 22:21, а решавачкиот гол го постигна Мартин Серафимов кој беше прв стрелец на мечот со 7 гола, исто колку што постигна Манасков во поразениот тим.

Лазаров спречуваше тепачка, а Маркоски утна празен гол за победа

Тиквеш се радуваше дома на реми 31:31 против новиот прволигаш Алкалоид во првото коло од плејофот во драматичен натпревар со голема неизвесноста и нервоза. Домаќините го израмнија резултатот во последните 8 секунди од мечот, а потоа остана време и за победа на гостите, но Никола Маркоски од пола терен ја погоди пречката.

Жестокиот тајм аут на Кире по кој Алкалоид му направи серија на Вардар од 5:0

Ракометниот новајлија одлично му парираше на двократниот европски првак и загуби достојно со 28:25. При еден пад на играта на Алкалоид, Лазаров збесна и откако ги искара фино направија серија од 5:0, а потоа и од 7:1 со што дојдоа и до предност против Вардарци.