Лазаров спречуваше тепачка, а Маркоски утна празен гол за победа
Тиквеш се радуваше дома на реми 31:31 против новиот прволигаш Алкалоид во првото коло од плејофот во драматичен натпревар со голема неизвесноста и нервоза. Домаќините го израмнија резултатот во последните 8 секунди од мечот, а потоа остана време и за победа на гостите, но Никола Маркоски од пола терен ја погоди пречката.
Во вториот дел се случи голема тензија и турканици кога десното крило Петковски од Алкалоид го погоди во глава домашниот голман Велков. Еден од луѓето кој се обиде да спречи тепачка беше и Кире Лазаров.