Таг: тиквеш

Евроголот на Стојкоски за делириум меѓу кавадарчани на Градски

Тиквеш за 6 години слави голем јубилеј од 100 од формирањето, а во аналите на овој клуб ќе влезе датумот 22 мај 2024-та, во кој стигнаа до првиот трофеј. Го најави Кристијан Стојкоски со голчиште од слободен удар, а конечниот резултат против Воска Спорт е 2:1. За Стојковски ова е четврти Куп трофеј. Има два со Македонија Ѓорче Петров и еден со Академија Пандев Брера.

Во Кавадарци досуден смешен пенал, на терен влета градоначалникот

Бидејќи судиската лакрдија е нели веќе општо позната, па и здодевна, на нашиот фудбал му требаше некоја нова додатна циркузијада на тоа, како на пример да се вмеша градоначалник и да им покаже среден прст на судиите, кои да бидеме реални, го заслужуваат. Па за што би пишувале инаку? Срцки тие.

Лазаров спречуваше тепачка, а Маркоски утна празен гол за победа

Тиквеш се радуваше дома на реми 31:31 против новиот прволигаш Алкалоид во првото коло од плејофот во драматичен натпревар со голема неизвесноста и нервоза. Домаќините го израмнија резултатот во последните 8 секунди од мечот, а потоа остана време и за победа на гостите, но Никола Маркоски од пола терен ја погоди пречката.

Хаотична навивачка пресметка во Штип, полицаец повреден со факел

Додека второлигашкиот дуел меѓу Брегалница и Тиквеш се играше без публика поради Ковид мерките, двете навивачки групи Фаланга и Лозари се пресретнаа на улица и влегоа во опасен клинч и тоа не со голи раце, туку со стапови и палки или што и да се.

Во Виница е досуден најсрамниот пенал на векот

Второлигашниот натпревар меѓу Слога Виница и Тиквеш ги измести границите за судење пенал. Погледнете го ова театрално паѓање на еден од домашните фудбалери кој од што не знаеше што да направи се струполи доле со епско симулирање прекршок.

Го видовте ли кочанскиот Меси на дербито на Тиквешијата?

Во големото дерби на втората македонска лига меѓу Тиквеш и Вардар Неготино, домашните славеа со високи 4-0, а момент на мечот беше чудесниот гол на Андреј Лазаров кој прими една топка надвор од шеснаесетникот и направи дар-мар пред голот на Иванов.

Како Неготинчани им пукаа сеир на Кавадарчани за возот

Во викенд со Бока – Ривер, Милан – Јуве, Сити – Јунајтед и Борусија – Баерн, одиме да видиме што се случуваше во нашиот второлигашки фудбал, поточно во тиквешијата каде и оваа година беше забавно на трибините. Можеби нема добар фудбал, ама има јаки навивачи.

Свето (пивара) Јаневски спонзор на Црвена звезда

На неколку евролигашки и АБА средби кои кошаркарскиот клуб Црвена звезда ги игра како домаќин имаше подвижни реклами „Тиквеш“ па многумина се прашуваа од кога. Денес и официјално е потпишан договор за спонзорство.

Ајдучка акција во Кавадарци пред дербито со Тиквеш

Најверните навивачи на струмичка Беласица решиле пред дербито со Тиквеш од втората лига во сабота, да го посетат Кавадарци и притоа да остават трага дека биле во овој убав град. На табелата во втората лига Исток, после 9. кола Беласица е втора со 20 бода а Тиквеш шести со 12.

Фудбалот во Македонија се сака и во трета лига

Викендов имаше каубојско однесување на стадионот во Чаир, римско дерби без навивачи и полно Ел Класико со скоро 100.000 навивачи. Но рангот и квалитетот на фудбалот не е секогаш пресудни за интересот на публиката, а тоа се виде во Неготино.