Хаотична навивачка пресметка во Штип, полицаец повреден со факел

Додека второлигашкиот дуел меѓу Брегалница и Тиквеш се играше без публика поради Ковид мерките, двете навивачки групи Фаланга и Лозари се пресретнаа на улица и влегоа во опасен клинч и тоа не со голи раце, туку со стапови и палки или што и да се.

На видеото може да се види како еден навивач лежи на земја, а потоа полицаец во обид да интервенира добива запален факел во глава.

ФФМ излезе со реакција, а соопштение за инцидентот се очекува и од МВР.

28 ноември 2020 - 18:05