Фудбалски фан од БиХ се пожали што тоа сè даваат на Спорт клуб. „Браќа Македонци, знаете дека ве сакам, ама ни вие реално не би ја гледале нашата Втора лига,“ се пожали човекот. Разумни луѓе сепак го потсетија дека може и полошо.
Додека второлигашкиот дуел меѓу Брегалница и Тиквеш се играше без публика поради Ковид мерките, двете навивачки групи Фаланга и Лозари се пресретнаа на улица и влегоа во опасен клинч и тоа не со голи раце, туку со стапови и палки или што и да се.
ФК Осогово денеска во 15 часот му гостува на ФК Кит-Го Пехчево. По 3 изминати кола Осогово има 0 бодови, а Пехчево 2. Битката веќе е почната на Твитер, а се знае кои се протагонисти.