Најновата епизода од македонската прва лига, квалитетна и елитна колку онаа во Камбоџа, се случи на денешниот натпревар меѓу Тиквеш и Гостивар.
Во 32-та минута од мечот еден од дефанзивците на Тиквеш се обиде да расчисти една топка од својот шеснаесетник, но еден од противниците беше побрз, ја удри топката и падна без контакт.
Судиите за овој дуел досудија пенал за Гостивар, а домаќините жестоко реагираа и за да биде статијава посодржинска, се погрижи градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој сакаше да бара судиска правда на терен.
Смешниот пенал:
На 0:38 на видеото се гледа градоначалникот на терен кој еден од играчите го спречува.
И покрај негативата од 0:2 кавадарчани успеаа да стигнат до бод, на големо задоволство на Јанчев кој ја нападна ФФМ и објави видео од дуелот за кој беше досуден пеналот.
„После целиот "циркус" на фудбалскиот терен, сепак Господ е на страната на правдата. Иако имаше 2 исклучени играчи, ГФК Тиквеш 1930 го израмни резулатот на 2-2. Со ваквото однесување на ФФМ, кое е срамно и жално за македонскиот фудбал, се оди само во стечај. Иако резулатот е нерешен, ова за нас е победа против ФФМ и корумпираните судии“, напиша градоначалникот на Кавадарци.
На крајот, Јанчев „ги поздрави“ судиите.