
По елиминацијата во полуфиналето против Вардар, Алкалоид во финалето го скроти и Еурофарм Пелистер, а она што вреди да се истакне е дека и двете битки ги доби на пенали.
По регуларните 60 минути кои завршија 2:2, повторно херој на мечот беше Иван Галевски.
19 годишниот голман им ги фати ударите на Кузмановски и Ѓорговски, додека Радивојевиќ ја погоди пречката.
Во поразениот тим Лесјак одбрани само еден пенал.
Инаку Еурофарм Пелистер 19 години не успеа да го освои Купот на Македонија, а лански освојувач е Вардар.