
Еден ден откако во првото полуфинале Еурофарм Пелистер го совлада Тиквеш, силите во салата Борис Трајковски ги одмерија Алкалоид и Вардар како бранител на Куп трофејот.
Драмата на мечот кулминираше во финишот од средбата при резултат 25:24, односно во последниот напад на мечот кога Јасухира изнуди пенал, а тоа беше шанса за Вардарци да израмнат и мечот да се решава на седмерци.
19 годишниот Иван Галевски ладнокрвно му го одбрани ударот на Срдановиќ и го однесе Алкалоид за прв пат во финале.