
Финалето во третото по ранг клупско европско натпреварување меѓу Алкалоид и АЕК Атина не стартуваше во 20:30 часот.
Според првичните информации, ракометарите не излегуваат на терен поради тоа што ги нема нивните навивачи на трибина.
Репортерот на МТВ, Горан Стерјов од паркетот известува дека претседателот на АЕК е тој што не им дозволил на играчите да играат, се додека не дојдат нивните навивачи.
Ракометарите имале притисок од навивачите да не го играат финалето во знак на протест на малиот број билети што тие го добиле за средбата во Скопје.
Ако оваа закана се оствари, тоа би бил најголем преседан во историјата на европскиот ракомет.
Инаку на првиот меч во Грција, Алкалоид славеше со 25:29.