
Претседателот на АЕК Атина не им дозволи на ракометарите да го одиграат реванш финалето против Алкалоид, под закана од своите навивачи дека ако излезат на терен, потоа нека не се враќаат дома.
И згора на сè продаваат морал, па и уште и ги бранат своите навивачи, истите тие кои практично се главни виновници што скопската публика беше скратена од задоволство кое се вика европско финале.
„АЕК значи чест, гордост, респект, морални вредности. АЕК значи семејство, единство. Најголемата поддршка на АЕК низ годините доаѓа од фан-базата и ако некој не ја почитува неа, не го почитува ни АЕК.
Вечерва, нашата администрација, едногласно донесе тешка, но неопходна одлука.
Ниту една сила не може да му направи неправда на овој свет, како што тоа се обидоа да направат локалните власти во Скопје, што кулминираше со тоа што не им дозволи на некои од нашите навивачи да ја преминат границата и да влезат во земјата, како што беше договорено на утринскиот безбедносен состанок.
Сите сме тука, продолжуваме обединети, не преговараме за честа на АЕК“, пишува во соопштението на АЕК.
Грчка брука среде Скопје, ракометарите на АЕК Атина не се појавуваат на терен
Финалето и официјално е одложено, АЕК потклекна на заканите на своите навивачи
Видео од навивачите на АЕК како се враќаат за Атина
А ракометаров ќе преживее ли во Атина?
РК Алкалоид: Благодариме почитувана публико, за жал противничкиот тим не сакаше да излезе на терен