Луда одбрана на Галевски со шпага, историско европско финале за Алкалоид

Тимот на Кире Лазаров испиша историја и ќе се бори за трофеј во Европскиот куп на ЕХФ, третото по ранг европско клупско натпреварување. Блесок на Иван Галевски.

Алкалоид играше на пенали, после поразот во Норвешка од Рунар Сандефјорд со 35:32.

Херој на мечот е Иван Галевски, кој со луда интервенција го одбрани последниот шут во последна секунда на домаќините и го однесе мечот во пенал серија.

И потоа беше неприкосновен со три одбрани, вредни финале за тимот од Автокоманда во Европскиот куп на ЕХФ.

Најдобар стрелец на мечот беше Дамјан Митев со 9 гола, пред Мартин Серафимов кој постигна 8.

Во мечот за европскиот трофеј, РК Алкалоид ќе игра двомеч со грчкиот претставник АЕК од Атина. 

27 април 2025 - 21:52