РК Вардар доби шлаканица во Автокоманда од момците на Кире Лазаров кои не само што ја отворија повторно неизвесноста за титулата во домашното првенство, туку и се вклучија во битката. Македонскиот првак неочекувано загуби од Алкалоид 22:21, а решавачкиот гол го постигна Мартин Серафимов кој беше прв стрелец на мечот со 7 гола, исто колку што постигна Манасков во поразениот тим.